dejan |
zhalno!![:(!] sigurno DUI ke se naljuti ako ovoi ke otide vo zatvor, ili ke placat kaj strazburg!
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=95851&idg=5&idb=1447&rubrika=Revija
НЕМА КОЈ ДА ГО КАЗНИ СВИРЕПИОТ УБИЕЦ НА ТЕТОВСКИОТ МАТУРАНТ ВАНЧО ЈОСИФОВСКИ
Заборави го син ти заради меѓуетничката толеранција
Не можејќи да го гледаат игралиштето за баскет на кое пред четири години свирепо беше убиен нивниот син, а кое се наоѓа само неколку метри подалеку од нивната куќа на улица Благоја Тоска број 2 во Тетово, Весна и
Четири години неизмерна болка во душата и револт кон сопствената држава која не смогна сили да ја исправи неправдата, е животот што го живеат Весна и Велко Јосифовски, родители на убиениот тетовски матурант Ванчо Јосифовски. Родителската болка е неизмерна, солзите на мајчиното лице веќе пресушиле, но тагата по изгубениот син станала поголема, подлабока. Скршени се од болка по загубеното чедо, живеат само за нивната ќерка, единственото дете што им остана по sверското убиство на Ванчо и со споменот за него.
Не можејќи да го гледаат игралиштето за баскет кое се наоѓа само неколку метри подалеку од нивната куќа на улица Благоја Тоска број 2 во Тетово, Весна и Велко живеат во мала собичка од задната страна на куќата со прозорец кој гледа во sидишта. Денот им поминува во мрак. Сонцето што ја грееше собата во која секојдневно се собираше семејството пред смртта на Ванчо, го замени сенката на sидовите. По витрините и sидовите насекаде слики од Ванчо, обвиткани со црна лента. Насмеан како што и загина. Веќе четири години смеата и живоста во домот што ги носело момчето заедно со неговите другари кои деноноќно навраќале во нивната куќа, сега се заменети со кобна тишина.
Наспроти куќата како нем сведок на злосторството и натаму стои кошот и спомен плочата за загинатото момче. Маалските деца почнаа повторно да играат кошарка. Но меѓу нив не е Ване.
Од разочарување родителите веќе и нема што да зборуваат. Кога ги посетивме беа во нивната собичка. Завиткани во црнина, тие едвај и зборуваа. Мајката потисната од болката по загубеното чедо, не проговори ниту збор. Таткото ни рече: "Немам што да ви кажам. Зар треба да ме прашате како се чувствувам". Одвреме навреме длабоко воздивнувајќи ќе проговореше присетувајќи се на непријатните средби и нелогичните одговори на многу министри, лидери на партии, странските организации и дипломати.
Меѓу многуте политичари и меѓународни експерти кои продефилираа низ домот на семејството Јосифовски, кој да му изрази сочувство кој пак да заработи политички поени, бил и Едвард Џозеф, поранешен шеф на Меѓународната кризна група. При кусата средба Џозеф на родителите на убиеното момче им тврдел дека точно се знаело кој го убил нивниот син, но им објаснил дека тој нема никогаш да биде уапсен за да не се нарушела меѓуетничката толеранција.
"Зар за тоа да го заборавиме нашето дете и да му простиме на оној што го уби", очајно се прашуваат неговите родители.
"Порано живеевме во предната страна на куќата. Од таму гледавме како нашиот син игра баскет со своите врсници, Албанци и Македонци. Не можам да ја заборавам сликата тој кобен 19 октомври, кога sверски беше убиено моето дете", скршен од болка ни рече Јосифовски. "Затоа се преселивме во оваа собичка, да се обидам да заборавам. Но зар тоа може да се заборави".
Додека болката и револтот кај семејството Јосифовски секојдневно се продлабочуваат, државата не мрда ни со мал прст барем да ја исправи неправдата кон семејството и да го стави зад решетки убиецот на невиното момче. И по четири години тие не го апсат убиецот на Ванчо, Бурхамедин Нухиу, кој се уште е на слобода и спокојно се шета низ неговото село Порој. Бурхамедин крвнички го уби Ванчо со топката в рака само затоа што беше Македонец и оти тоа попладне со своите врсници играше кошарка на кошаркарското игралиште. Куќата на Бурхамедин, како што велат родителите на Ванчо, се наоѓа на околу 400 метри подалеку од нивната куќа.
Кој го штити овој свиреп убиец, кој по убиството на матурантот се обиде да убие и двајца други полицајци затоа што, како што им рекол, дошле на недозволена територија која тој ја контролирал, засега не е јасно. Во МВР велат дека тие преземаат се што е во нивна надлежност. Поднесена е и кривична пријава против Бурхамедин Нухиу кој е осомничен за убиството на Ванчо. Бурхамедин Нухиу се бара, но тој, велат во МВР, е недостапен. Против него е распишана и потерница не само за убиството на средношколецот, туку и за други кривични дела. Тој се бара и за издржување затворска казна во траење од шест години за убиство. Бурхамедин Нухиу најверојатно е на Косово. Тој одвреме навреме илегално ја минува границата и навраќа во тетовскиот крај. Но тоа не е оправдување, велат доброупатените. И во овој случај МВР е заложник на коалициониот партнер ДУИ. Доколку државата имаше волја да го уапси Нухиу, тој одамна ќе се најдеше зад решетки исто онака како што се најдоа и командантите Чакала и Џејми Шеј кои беа уапсени на Косово. "Нека не се правдаат полицијата и власта дека и по четири години не можеле да го уапсат Нухиу", велат неговите родители.
Велко Јосифовски веќе изгубил верба во државата дека убиецот на неговиот син ќе биде фатен. Тој сака да се исели не само од Тетово, туку и од Македонија. "Власта направи да се чувствувам како криминалец, како јас да сум убил, а не дека ми го убиле најмилото", вели Велко Јосифовски.
Името на убиениот матурант досега се споменуваше од страна на партиите кога требаше да заработат политички поени кај граѓаните. Во изборните кампањи тие одново ги отвораа раните на неговите родители, ги посетуваа ветувајќи им дека убиецот ќе биде фатен. Но подоцна еуфоријата спласнуваше и Јосифовски повторно паѓаше во заборав токму од оние што ветуваа дека правдата ќе биде задоволена и убиецот ќе се најде зад решетки.
"Ми ветуваа дека во спомен на Ване ќе организираат балкански спортски игри, дека ќе крстат училиште кое ќе го носи неговото име, но од тоа ништо", воздивнувајќи се присетува Велко на многуте средби со политичарите било тие да се од власта или од опозицијата. Нема врата на којашто не тропнале родителите на убиеното момче. Но секаде наидувале на згрчени раменици. Одговорот бил секогаш ист - истрагата е во тек.
Дури една година подоцна од убиството, како што објаснува таткото на Ванчо, била поднесена кривична пријава против непознато лице. Бурхамедин Нухиу за убиството на матурантот се бара повеќе од една година, откако полицијата со цврсти докази од кои се гледа дека Бурхамедин сигурно е убиец на Ванчо, поднела пријава против него.
"Бев кај сите претходни министри во полицијата. Ќе барам прием и кај сегашниов министер", вели Велко присетувајќи се на многуте средби со претходните министри кои не мрднале ни со малиот прст за да го откријат убиецот. Семејството Јосифовски најмногу е луто на сегашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.
"Неколку пати одев кај Илинка Митрева и молев привремено да ми најдат стан за да се иселам од Тетово. Не можам повеќе да живеам во градот кој ми го уби детето. Таа само нешто ќе запишеше. При една средба уште од врата, не почитувајќи ја мојата болка, ме праша: зар пари ти требаат? Се вчудовидев од нејзината ароганција. Јас не појдов да барам пари, туку помош, некој да ми помогне додека не најдам купувач и не ја продадам куќава", се сеќава Јосифовски на последната средба со министерката Митрева.
Ванчо Јосифовски беше убиен од одмазда, по потпишувањето на Рамковниот договор. "Претчувствував дека некој ќе биде убиен, бидејќи претходниот ден во престрелка со полицијата беше ранет, а потоа и почина Метин Адили. Но очекував тие да удрат врз безбедносните сили, а не да пукаат во деца. Го убија моето дете", објаснува Јосифовски. "Слушнав рафална стрелба околу 18 часот. А потоа детски плач и чкрипење на кочниците од автомобил жолта боја. Веднаш, бос по чорапи излегов надвор. Крв течеше на сите страни. Меѓу полегнатите деца го забележав и Ванчо. Насмеан. Од вратот му течеше крв. Куршумот на самото место го усмрти младешкиот живот".
Sверското убиство ја шокира не само домашната, туку и меѓународната јавност. Осуди за злосторничкиот чин пристигнуваа од сите страни. "Да се пука во деца тоа е брутално, тоа е ужасно, нема оправдување", беа реакциите на граѓаните. И се се заврши на тоа, но остана неправдата и родителската болка. Пацка А. Лазарова
***
Прчевски: Во оваа држава ништо не функционира
Семејството на убиеното момче нема врата каде што не тропнало со намера да ја истера правдата на виделина. Помош побарале и од најповиканиот во државава јавниот обвинител Алеклсандар Прчевски.
Одговорот што им го дал Прчевски на родителите бил шокантен, разочарувачки.
"Прчевски ми рече: 'Во оваа држава ништо не функционира'. Кога тоа ќе ти го каже лично јавен обвинител што очекувате понатаму", се прашува Велко Јосифовски.
|