Автомобилските трки на Водно сепак ќе се одржат
Автомобилските трки на Водно сепак ќе се одржат
melpomena Градоначалникот Трифун Костовски решил да ја повлече одлуката со која завчера забранил викендов да се одржат традиционалните ридско-брзински автомобилски трки на Водно. Тој дозволил тие во парк-шумата да се одржат уште оваа година. Од кабинетот на градоначалникот информираат дека Костовски се одлучил на ваков чекор затоа што не им оставил доволно време на организаторите на трките да најдат друга локација каде што натпреварувањето би можело да се одржи. - Забраната да се одржат трките беше поради тоа што тие не се во согласност со правната регулатива за заштита на парк-шумата. Но, одлучивме да ја повлечеме одлуката се додека не се најде компромисно решение и нова локација за трките. Тие ќе се одржат овој викенд или евентуално ќе се одложат за една недела. Но, градот ќе продолжи да работи на заштита на парк-шумата Водно и ќе се обидеме да набавиме еколошки возила кои ќе сообраќаат на таа локација. Забраната за одржување на автомобилските трки е само прв чекор кон заштитата на Водно - вели Маја Мухиќ, портпаролка на градоначалникот Трифун Костовски. Од еколошкото друштво „Еко-мисија“ велат дека се задоволни поради тоа што новиот градоначалник ја прифатил нивната иницијатива Водно да се претвори во пешачка зона. Тие предлагаат да се направи тим од експерти кој ќе изработи долгорочна стратегија за заштита на парк-шумата. - Мислам дека градот нема никаква обврска да поддржува манифестации како што се автомобилски или мото-трки. Затоа одобрувањето на друга локација каде што тие би се одржувале е само префрлување на проблемот од Водно на некој друг терен кој не е заштитен. Но, зошто да се жртвува на пример Китка или некој друг рид, само затоа што некој сака да се изживува со машини и мотори - вели Петар Бошевски, претседател на „Еко-мисија“. Организаторите на трките од тркачкиот тим „Импегна“ биле изненадени откако на нивното барање до Градскиот комитет за одржување на трките добиле негативен одговор. Неделните трки на Водно треба да бидат први во националниот шампионат, а организаторите велат дека традицијата на овие трки е долга 30 години. Од Автомото-сојузот велат дека се загрижени што ќе се случи со меѓународната трка „Челинџ“ што треба да се одржи на 12 јуни годинава на Водно, а која е влезена во календарот на ФИА (Светска автомобилска федерација). Спонзор на таа трка, која лани се одржала за првпат, е и градската управа. Претходниот состав на Советот на град Скопје одвоил 120.000 денари од буџетот за 2005 година за таа трка, наречена „Награда на Скопје, Водно 2005“. А.Џ. www.vreme.com.mk Odi li nekoj na trki? Jas porano odev dosta, pa sega koga go prochitav natpisov mi se navratija sekjavanjata[:)]
OooOo Jas odev redovno ;)
OooOo АВТОМОБИЛИЗАМ - ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА РИДСКИ ПАТЕКИ Возачот на Импегна, Мијалче Василевски, со тесна победа во најинтересната класа до 1150 кубни сантиметри (см3) ја отвори новата сезона од автомобилистичкиот шампионат на ридски патеки, што вчера се одржа на патеката на Водно, крај Скопје. На првата трка оваа сезона, по традиција највозбудливо беше кај популарните "југовци", иако станува збор за најслабата класа. Во оваа категорија, конкуренцијата со 13 натпреварувачи беше најбројна, а првопласираните тројца во вкупното време по двете возења ги делеа стотинки. Победникот Василевски, патеката долга 3950 метри во висинска разлика од 230 метри, два пати успеа да ја мине за 5:04,57 минути. Второпласираниот Владимир Треневски од Свифт рејсинг го делеа само 58 стотинки од најдобриот, додека возачот на Скопје, Игор Стефановски, доцнеше 92 стотинки. По многу натегања со градските служби, организаторите Импегна и АМСМ успеаја да ја одржат трката, но се уште е отворено прашањето дали преостанатите две трки од шампионатот, втората и шестата, кои требаше да се одржат на Водно, ќе останат на календарот за оваа сезона, бидејќи градските власти имаат намера да го запрат сообраќајот на оваа планина. Над 5.000 гледачи можеа во акција да видат 30 учесници, распоредени во пет класи. Слабата бројка на возачи во посилните класи остана стар проблем, па така во преостанатите дивизии можеа да се видат тројца до четворица натпреварувачи. Во класата до 1400 см3, група Н, актуелниот шампион Томислав Трајковски со победа ја почна одбраната на титулата. Возачот на Скопје со своето Пежо 106 на два пати имаше најдобро време од 5:03,22 минути. Зад него со дури 13 секунди задоцнување се пласира Миле Топузовски( Скопје, Пежо 106), а трет пристигна последниот возач Христаки Давитковски (Примо Рејсинг, Југо). Во класата до 1600 см3, позната како Хоби, интересен беше дуелот помеѓу старите ривали Благоја Димитровски од Автоклиника и Слободан Трајковски од Прилепец. Трајковски со своето "југо 65" и во двете возења беше послаб од својот најголем конкурент Димитровски, чиј Голф 1 беше недофатлив за бранителот на титулата. Димитровски во конкуренција на сите 30 возачи имаше најдобро време на саботните тренинзи, а истото го потврди и вчера кога имаше подобро време и од "двеилјадарките" во севкупен пласман со 4:33,01 минути. Најмоќни беа трките во најсилната класа, до 2000 см3. Тука неизвесна борба се водеше помеѓу Газменд Гаши, возачот од Косово, СЦГ, кој настапуваше за Импегна, и актуелниот шампион Блаже Јанакиевски од Макпетрол. Јанакиевски со хондата беше подобар за неколку стотинки во второто возење, но Гаши и неговиот "опел астра" беа подобри во првото за на крајот да ја однесат севкупната победа со неверојатни осум стотинки предност. Третопласиран беше Дејан Георгиевски, а последен беше Александар Димушевски. Втората трка од Државното првенство треба повторно да се одржи на Водно, на 12 јуни, но тогаш натпреварот ќе биде далеку поинтересен, бидејќи ќе опфати уште три шампионати, се разбира ако се одржи. Градските власти во соработката со АМСМ најавија барање на алтернативни решенија. Треба да се одржат меѓународните трки во ФИА-Челинџ и Централноевропскиот шампионат и една трка од Државното првенство на соседот СЦГ. Од врвот на АМСМ и од организаторот Примо Рејсинг ни потврдија дека оваа трка сепак ќе се одржи, и покрај притисоците од градот, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе се изгуби меѓународното реноме на Сојузот и треба да се плаќаат големи казни. (A.K.)
јузер Алал да му е на Газмент Гаши од Косово, СЦГ, СРЈ, СФРЈ, ФНРЈ, СХС, за тесната победа од 8 стотинки над Блаже Јанакиевски од Македонија-Скопје, БЈРМ, СФРЈ.. и тако даље.
StormAngel [:D]
ProMKD JANAKIEVSKI DO KRAJ!