трендафил |
Почитуван г-дин Феит,
Имам чест да Ве известам за следното:
Подготвени за завршување на кризата која го нарушува мирољубивиот, демократски развој на РМ и која воедно претставува директна закана за регионалната стабилност:
Верувајќи дека безусловниот прекин на огнот, чии што услови се утврдени подолу, претставува конкретен чекор кон пошироката цел да се разреши кризата:
Поздравувајќи ја намерата на НАТО да помага во разоружувањето и распуштањето на вооружените етнички албански групи и одобрувајќи го присуството на мисијата на НАТО за оваа цел и предусловите за нејзино распоредување и помош во процесот на разоружување, а особено:
- Дека мора да се постигне генерален, безусловен и постојан прекин на огнот и
- Дека мора де се оствари доволен прогрес во дијалогот меѓу политичките партии, како што е дефинирано од страна на НАТО и ЕУ:
Потврдувајќи ја својата посветеност кон имплементирање, без одлагање, на планот за градење мерки за доверба:
Владата на Република Македонија одлучи како што следи:
1. Безусловно ќе го почитува и ќе се придржува кон прекинот на огнот и ќе се воздржува од сите воени дејствија, употреба на сила и незаконски дејствија против етничките албански вооружени групи.
2. Го признава и се придржува кон дополнителниот Протокол на Женевската конвенција (Протокол 2) од 12 август 1949 во врска со заштита на жртвите на немеѓународен конфликт.
3. Прекинот на огнот се однесува на сите безбедносни сили во Република Македонија. Владата ќе обезбеди одредбите на овој документ исто така да се применат кон било кои нерегуларни сили и вооружени цивилни групи.
4. Под вооружени сили се сметаат сите страни, групи и поединци кои го прифаќаат авторитетот и командата на Владата на Република Македонија, вклучувајќи ги регуларните сили, полицијските сили, граничната полиција, армиските и полицијските резерви, воената полиција, разузнувачките служби, македонското МВР и локалната специјална полиција за антитероризам и полиција за одржување на јавен ред и мир.
5. Бара да се обезбедат меќународни набљудувачи
6. Одредбите на прекинот на огнот ќе стапат во сила од 00.01 часот 6 јули 2001 по јавна објава.
7. МОДАЛИТЕТИ
а) Прекинот на огнот се однесува на сите оружја вклучувајќи го и поставувањето мини или други импровизирани направи.
б) Властите на РМ ќе ги преземат сите можни мерки за да се осигурат безбедност и слобода во движењето на целиот персонал на меѓународната заедница.
ц) Тие ќе ја задржат сегашната позиција на нивните вооружени сили, освен таму каде што ќе се постигнат понатамошни аражмани со кои се овозможува локално дезангажирање или онаму каде владините сили се упатени да се вратат во касарните. Нема да го користат прекинот на огнот за промена или подобрување на нивните позиции
8. ПРЕДУПРЕДУВАЊА
а) По стапување на прекинот на огнот, силите за спроведување на законот се обврзуваат да дејствуваат без пристрасност и потполно да ги применуваат законите на РМ без било каква етничка, верска или расна предрасуда.
б) Ниедна од наведените одредби за прекинот на огнот нема да бидат толкувани како губење на неотуѓивото право на самоодбрана. Самоодбрана значи употреба на толкава неопходна и пропорционална сила потребна за одбрана на себе си и другите од напад или од претстоен напад. Секаква употреба на сила мора да биде ограничена на степен, интензитет и траење, неопходни за самоодбрана и не повеќе. Одмаздата не е самоодбрана и ќе представува прекршување на прекинот на огнот.
Началник на ГШ на АРМ
Генерал-потполковник
Панде Петровски
Раководител на Оддел
за полиција на МВР
генерал
Ристо Галевски
|
трендафил |
Наполно се согласувам дека овој договор е еден од најсрамните во нашата историја. Останува непознато, бидејќи сепак договорот е со представник на НАТО, што ни „нудела“ оваа организација доколку истиот не се потпише. Нејасно е и зошто и покрај повеќекратното кршење на договорот од страна на УЧК, Македонија се држеше за него како слеп за стап. Љуботен не би требало да се смета како кршење на договорот затоа што се работи за територија на која не би смеело да изврши напад ниту УЧК (Љуботенски Бачила), бидејќи пред 6 јули ги немаше таму, па таму се спроведуваа законите на РМ (а не овој договор), а тие не дозволуваат оружје без дозвола на пример. Интересно е и дали СДСМ веќе имаше договор за соработка со Али Ахмети во моментот кога е потпишано писмото до Фејт, односно индиректната капитулација што според Уставот и законите на РМ се смета за велепредавство. Дали одлуката за велепредавство е донесена во владата едногласно или некој имало против? (Иако и тој е соучесник.)
|