Слобода на медиумите
Слобода на медиумите
трендафил Според Freedom House македонското новинарство за 2004 година стои полошо на ранг листата за слобода на новинарството, отколку што на пример е рангирана фудбалската репрезентација на списокот на ФИФА по поразот и нерешениот резултат со Андора. Македонските медиуми, како делумно слободни, го делат 107 до 111 место (со Албанија, Конго, хондорас и танзанија), а фудбалот ни е на 98 место. ([url="http://www.freedomhouse.org/research/pressurvey/allscore2005.pdf"]види Freedom House[/url]) За споредба, во 2002 година ([url="http://www.freedomhouse.org/pfs2002/pfs2002.pdf"]види[/url]) на оваа листа имавме 46 поени (повеќе поени значи помалку слобода), а за 2004 имаме 51. Што би рекол Георгиевски - „НАПРАВИ РАЗЛИКА“. Новинарството е еден од главните фактори во формирањето на јавното мислење. Новинарите се сигурно еден од виновниците за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Во најмала рака како соучесник на власта. За жал, како всушност и со се` останато, наместо слободата на информирање со транзицијата од ден на ден да расте, истата опаѓа.
Strelec Овојпат се согласувам со трендафил... Како воопшто може во Македонија да зборуваме за објективно новинарство, кога два (од најтиражите четири) весници во Македонија се во сопственост на Трифун Костовски, актуелен и активен политичар во државата!?
трендафил За жал истото важи и за телевизиите, а најлошо од се` најповеќе за државната телевизија, која се финансира од сите граѓани, а најмалку луѓе и веруваат. Новинарите лажат од повеќе причини. Најмалку има независни, на кои во секоја ситуација може да им се верува, а доколку погрешат, исклучително е ретко да се извинат на своите читатели, гледачи или слушатели. Доколку оштетениот не им запрети со тужба или можеби со ракетари. Во двата случаја не мора да е во право. Постои етничка подвоеност и во новинарството како и во целото општество. Новинарите практично ја продлабочуваат поделбата помеѓу Албанците и Неалбанците (новата нација во која се ставаат сите обични граѓани после 2001 година). Скоро никогаш еден ист настан не е на ист начин опишан и коментиран по албанските и неалбанските медиуми, туку тоа е тотално спротивно.
Jakov
quote:
Originally posted by Strelec
Овојпат се согласувам со трендафил... Како воопшто може во Македонија да зборуваме за објективно новинарство, кога два (од најтиражите четири) весници во Македонија се во сопственост на Трифун Костовски, актуелен и активен политичар во државата!?
Не е така, Трифун ги продаде весниците на WAZ, сега се независни. А тоа што вработените во тие и остантите медуиуми со папочна врвца се врзани за Трифунчиња, Бранчиња, Љубчиња итн итн...тоа е друга работа. Ви текнува не времето Чокревски кога тврдеше дека во Македонија има голем број новинари што се “трудни до заби“, го направија будала демек вршел притисок на медиумите....ама не бил притисок, право зборел...
Strelec Jakov, делумно си во право... WAZ не ги купи сите весници... А башка, Трифун Костовски и понатаму има 35% од акциите на ’Утрински Весник’ и најголем дел од акциите во ’Вест’... И уште битен е податокот дека WAZ се обврза да не се меша во уредувачката политика на весниците, туку само во маркентишкиот дел... Значи на тој план ништо не се смени со купопродажбата!
трендафил Дали упадот на полицијата во А1 за да се „спаси“ синдикалниот лидер Муратовски од наводната загрозеност на животот (иако беше само ВЕРБАЛНО нападнат, не и физички) ќе донесе подобрување или влошување на нашата позиција на листата. Двајца полицајци и неколку телохранители упаднале во просториите на А1-телевизија за време на емитувањето на емисијата „Чуму“, во вторникот навечер. Во емисијата, во која се дебатирало за работничките права, дошло до жестока расправија меѓу лидерите на Сојузот на синдикатите и на Унијата на независните синдикати, при што имало и закани. Камерите снимиле како лидерот на ССМ, Ванчо Муратовски, преку својот мобилен праќа порака. Се претпоставува дека тој преку пораката побарал помош од полицијата и од личните телохранители да го заштитат од наводните закани. Во емисијата учествуваше и министерот Стевчо Јакимовски, кој без обезбедување дојде и си отиде од телевизијата. - Ниту неговиот живот беше загрозен, ниту имаше потреба за интервенција на полиција и на телохранители. Ако Муратовски не може да издржи жестока ТВ-дебата, како ќе го води синдикатот во услови на објективен социјален бес на работниците и на синдикалното членство - изјави Александар Чомовски, главниот уредник на ТВ А1. Тој жестоко реагирал на интервенцијата и побарал од полицајците и од телохранителите да ги напуштат просториите на телевизијата. [url="http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=24665"]Време[/url]
Strelec трендафил... Не претерувај и ти сега... Случајот со Муратовски и неговите синдикални проблеми немаат врска со ’слобода на мердиумите’... Тоа што се нашол во објект на А1 Телевизија е сосема случајна работа. На Муратовски му се закануваат одамна и јас ти тврдам дека тој не е безбеден ниту во контејнер да се скрие. И треба ли заради тоа сега и ’Комунална Хигиена’ да ја критикуваме?
трендафил Проблемот е во тоа што полицијата без налог за претрес има влезено во информативна куќа во време на емитување на емисија. Во други земји и доколку се појавеше криминалец од потерница би го чекале да излезе од телевизијата. Не би упаѓале во студиото. Ако станува збор за Муратовски, не гледам зошто гневот (ако го има) да биде усмерен само кон него. Па тој слуша други, не донесува самостојно одлуки.
Jakov
quote:
Originally posted by Strelec
Jakov, делумно си во право... WAZ не ги купи сите весници... А башка, Трифун Костовски и понатаму има 35% од акциите на ’Утрински Весник’ и најголем дел од акциите во ’Вест’... И уште битен е податокот дека WAZ се обврза да не се меша во уредувачката политика на весниците, туку само во маркентишкиот дел... Значи на тој план ништо не се смени со купопродажбата!
Па нели и Трифун уште кога го формира Утрински вети дека нема да се меша во политиката и дека само ќе ги менаџира новините слично како WAZ сега. Искрено ни тогаш ни сега не е проблемот во Тифун, тој е толку наивен??? да и навистина можеби не им се меша, ама имаат они доволно школа од порано и доволни полтронизам(личи на патриотизам ама нее пустото), за да знаат сами како и што треба да пишуваат. Пред некоја година имаше една дебата за нивинарството и цензурата. И нели сите онака испоседнати скокаат викаат демек еве сега плурализам и веќе нема цензури. Кога на крај испадна дека навистина нема цензура ама дека има нешто пострашно....“Автоцензура“ тоа неможат да го надминат овдешниве. Како ќе седне пред монитор одма му доаѓа да си напише нешто убаво за лидерот му нели.
Strelec
quote:
Originally posted by Jakov
...ама имаат они доволно школа од порано и доволни полтронизам(личи на патриотизам ама нее пустото), за да знаат сами како и што треба да пишуваат.
Ова е сосема точно, но би сакал да се надоврзам малку... На уредниците воопшто не им е едноставно со WAZ да прават нечесни работи, додека со Трифун е друга песна... Ерол Ризаов ’утре’ треба да му се јави на Трифун и да му каже дека ’има едно пријателче што сака да биде директор во Вера Циривири’, или дека ’пријателка негова десет години не мрднала од раководител на некој сектор во Здравствен Дом’... Другар ти Горан Михајловски го испрошета светов откако Трифун ги купи акциите во ’Вест’... Тие патувања треба да ги плати некој... И уште еден интересен податок... Трифун почна да купува акции од медиумите, малку пред да влезе во политиката... Ќе се осмели ли некој да тврди дека се работи за случајно поклопување на термини? Е такви игри не се можни со WAZ... Барем не е лесно да се одиграат!
Jakov
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by Jakov
...ама имаат они доволно школа од порано и доволни полтронизам(личи на патриотизам ама нее пустото), за да знаат сами како и што треба да пишуваат.
Ова е сосема точно, но би сакал да се надоврзам малку... На уредниците воопшто не им е едноставно со WAZ да прават нечесни работи, додека со Трифун е друга песна... Ерол Ризаов ’утре’ треба да му се јави на Трифун и да му каже дека ’има едно пријателче што сака да биде директор во Вера Циривири’, или дека ’пријателка негова десет години не мрднала од раководител на некој сектор во Здравствен Дом’... Другар ти Горан Михајловски го испрошета светов откако Трифун ги купи акциите во ’Вест’... Тие патувања треба да ги плати некој... И уште еден интересен податок... Трифун почна да купува акции од медиумите, малку пред да влезе во политиката... Ќе се осмели ли некој да тврди дека се работи за случајно поклопување на термини? Е такви игри не се можни со WAZ... Барем не е лесно да се одиграат!
Случајно или не? Прошло покрај случајно. Јасни се работите.Ако политиката е ку***та, тогаш медиумуите се “старата дама“ што ја води куќата. Не само за тие за сите медиуми во Македонија види им ги главните уредници и знаеш за кого навиваат. Еве што се сучува и во а1 истото. Велија сакал поголемо влијание во медиумит и затоа ги шутна уреднците. Во Сител....ај да не збориме за нив пред празник грев ќе не фати тие се...бљак. Горан Михајловски и Биљана Секуловска се репер за се само не за новинари во Македонија и не само во Македонија....трупци.
intel
quote:
Originally posted by трендафил
Во емисијата учествуваше и министерот Стевчо Јакимовски, кој без обезбедување дојде и си отиде од телевизијата.
Ама Стевчо има црн појас 4 ден. Така да таа мизеријата што ја застапуваше твојата опција немаше такво да му каже пред цел народ во живо: - Ке те дигнам на клоци.
mako Citajki se dobivat vpecatok deka se e mrak koga se vo prashanje mediumite vo Makedonija. Imat i nekolku svetli tocki: Dnevnik, Forum i A1, koi sepak se bavat so nekakva journalistika.
concrete Ne se mesam, da ne rasturam uste sagi okolu.... ama ednas rekov : trojca sudii...tri + edno stolce,sudska masa...psihicki pripremen vod ( so kanta za povrakanje zad agolot)...kamion municija i normalno zidce od betonski cigli :):):)!!!!! Garantiram intenzivna svetlost i prosvetluvanje posle toa...istoriski dokazano bezbroj pati .....:):):):)!!!!
трендафил
quote:
Originally posted by intel
quote:
Originally posted by трендафил
Во емисијата учествуваше и министерот Стевчо Јакимовски, кој без обезбедување дојде и си отиде од телевизијата.
Ама Стевчо има црн појас 4 ден. Така да таа мизеријата што ја застапуваше твојата опција немаше такво да му каже пред цел народ во живо: - Ке те дигнам на клоци.
Требаше ли да му каже ќе ти запрам вода како што во 2001 направи сегашниот министер за земјоделие и водостопанство на Кумановци, или дека ќе масакрира и киднапира како што наредуваше тогаш Али Ахмети за да биде како твојата опција. Човекот што ниту го познавам ниту знам од која опција е (колку што ми е познато тој организираше штрајкови и во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а ко сакаш со сила да ме зачленуваш во партија) не ни појде кон Муратовски. Затоа не знам врз основа на што полицијата дојде до заклучок дека му е загрозен животот. А дека беше нарушен интегритетот на А1 телевизија со упадот без налог за претрес од страна наполицијата и приватните телохранители на Муратовски виделе сите што ја гледале емисијата. За да има добро информирање не се потребни само добри новинари, туку и пристап до податоците. Ќе напоменам дека пред некој ден новинарите по кратката конференција за печат на министерката Мери Младеновска по враќањето од Хаг на која им рече дека работа на обвинителството и судот е да ги процесираат предметите што ќе ни ги врати трибуналот, беа присилно задржани во просторијата додека од не помина обвинителот Прчевски. По првиот круг на локалните избори истото го направи ДУИ, кога откако се прогласи за победник окулу 1 час ги држеше новинарите затворени за да не можат да го снимат рафалното пукање надвор.
mako Vrz koja osnova SAD se rangirat na 24-to mesto, a Makedonija na 110-to? Mozhat slobodno i da delat mesto. Ili pa Svedska megu prvorangiranite, koga 3 familii gi kontroliraat recisi site najtirazhni nacionalni i lokalni vesnici i privatnite televizii, i se bliski do odredeni politcki opcii. "Nezavisniot journalizam"" e mit, no na zapadot sistemot e malcem poprefinet i novinarite posofisticirani od nasive 'amateri'
Strelec
quote:
Originally posted by mako
Citajki se dobivat vpecatok deka se e mrak koga se vo prashanje mediumite vo Makedonija. Imat i nekolku svetli tocki: Dnevnik, Forum i A1, koi sepak se bavat so nekakva journalistika.
Se soglasuvam... Iako i A1 znaat nekogash da zabegaat i toa prilichno, no vo celina najmalku se ofarbani so politichka boja! A za Dnevnik i Forum, sekoja chest!
Jakov
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by mako
Citajki se dobivat vpecatok deka se e mrak koga se vo prashanje mediumite vo Makedonija. Imat i nekolku svetli tocki: Dnevnik, Forum i A1, koi sepak se bavat so nekakva journalistika.
Se soglasuvam... Iako i A1 znaat nekogash da zabegaat i toa prilichno, no vo celina najmalku se ofarbani so politichka boja! A za Dnevnik i Forum, sekoja chest!
Dnevnik i Forum se najnezavisni ama vo isto vreme se i dva mediumi koi imaat najgolemi finansiski problemi. Forum bese pred zgasnuvanje, a Dnevnik e edinstveniot finansiski nezavisen vesnik. Pocna od nisto so nicija poddrska. Tek posle nekolku godini investirase SEAF vo niv...zatoa i se ovie dva po OK od site drugi. Se drugo e vrzano finansiski so nekoj drug.
AaaAa Forum aka forum saso ordanovski, vlado jovanovski, gjuner ismail et all? Ako zboruvame za istiot, najdobar politicki magazin koj ikogash izlegol vo Makedonija. Mi fali pecatenoto izdanie.
Jakov
quote:
Originally posted by AaaAa
Forum aka forum saso ordanovski, vlado jovanovski, gjuner ismail et all? Ako zboruvame za istiot, najdobar politicki magazin koj ikogash izlegol vo Makedonija. Mi fali pecatenoto izdanie.
Za nego zboruvame, mene mi falat samo nekolku broja od pecatenite izdanija[:(].
AaaAa
quote:
Originally posted by Jakov
quote:
Originally posted by AaaAa
Forum aka forum saso ordanovski, vlado jovanovski, gjuner ismail et all? Ako zboruvame za istiot, najdobar politicki magazin koj ikogash izlegol vo Makedonija. Mi fali pecatenoto izdanie.
Za nego zboruvame, mene mi falat samo nekolku broja od pecatenite izdanija[:(].
E me utesi :) Kazi shto ti fali,ako se od pocetnite izdania moze da se najde, a jas so novite ke se zadovoluvam so internet izdanijata, koi i ne se taka losi, samo me nervira moznosta da se komentira...i koj znae i koj neznae da cita, znae da pisuva za zal.
concrete
quote:
Originally posted by AaaAa
Forum aka forum saso ordanovski, vlado jovanovski, gjuner ismail et all? Ako zboruvame za istiot, najdobar politicki magazin koj ikogash izlegol vo Makedonija. Mi fali pecatenoto izdanie.
Retko e, cista kolekcionarka rabota , slusam samo vo 600 primeroci izleguva !!!!!!??????
Strelec concrete e nenadmashen!:) Koga kje mu go vidam nikot, ne znam zoshto, ama me potsetuva na romanot 'Crnila' od Kole Chashule!:)))
AaaAa
quote:
Originally posted by concrete
quote:
Originally posted by AaaAa
Forum aka forum saso ordanovski, vlado jovanovski, gjuner ismail et all? Ako zboruvame za istiot, najdobar politicki magazin koj ikogash izlegol vo Makedonija. Mi fali pecatenoto izdanie.
Retko e, cista kolekcionarka rabota , slusam samo vo 600 primeroci izleguva !!!!!!??????
ne te razbiram, sto e retko? Da vo mal broj izleguva,ama ne tolku mal mislam, bi me iznenadilo da e samo 600,na stranava ne im pisuva.Mislam ocigledno e kolku nasiot narod cita i se informira za da ima mislenje, a ne e deka go nema. Mozebi e i do cenata, na mnogu skapa ubava hartija se pecati. Nego, mene zborot mi bese deka mi fali posto ne sum tamu pa moram da go citam online.
concrete [quote]Originally posted by AaaAa
[quote]Originally posted by concrete
[quote]Originally posted by AaaAa
Forum aka forum saso ordanovski, vlado jovanovski, gjuner ismail et all? Mislam deka tirazot e neprimerno mal....za takov vid na magazin... toa znaci.....
AaaAa Toa znaci: Citaj pogore :) fala na klarifikacija :)
Jakov
quote:
Originally posted by AaaAa
[quote]Originally posted by Jakov
[quote]Originally posted by AaaAa
E me utesi :) Kazi shto ti fali,ako se od pocetnite izdania moze da se najde, a jas so novite ke se zadovoluvam so internet izdanijata, koi i ne se taka losi, samo me nervira moznosta da se komentira...i koj znae i koj neznae da cita, znae da pisuva za zal.
Mi falat od vtoriot do nekade 15ot ama ne site nekolku broevi en gi znam tocno koi treba da vidam. Inaku tocno e deka posledno vreme izleguva vo mal tiraz....ama toa e toa, site skapi dobri i "fancy" raboti se vo mal broj[;)]
AaaAa
quote:
Originally posted by Jakov
quote:
Originally posted by AaaAa
[quote]Originally posted by Jakov
[quote]Originally posted by AaaAa
E me utesi :) Kazi shto ti fali,ako se od pocetnite izdania moze da se najde, a jas so novite ke se zadovoluvam so internet izdanijata, koi i ne se taka losi, samo me nervira moznosta da se komentira...i koj znae i koj neznae da cita, znae da pisuva za zal.
Mi falat od vtoriot do nekade 15ot ama ne site nekolku broevi en gi znam tocno koi treba da vidam. Inaku tocno e deka posledno vreme izleguva vo mal tiraz....ama toa e toa, site skapi dobri i "fancy" raboti se vo mal broj[;)]
Ahaaa zatoa mene me ima samo vo eden primerok[:)] Prviot go nemam od 2 pa natamu do pred nekoe vreme gi imam site, ke se menjame? Ako si kolekcioner shto bi rekol concrete, ne e problem ke ti gi spakuvam eden den :) mal tiraz velite, zatoa jas edvaj go najdov letovo vo Stip, samo vo edna trafika ide, najverojatno i samo eden broj:( Imaat gledam pretplata za vo stranstvo, ama dur da stigne 5 na net ke izlezat. Tuku, zapoznaen e nekoj so nivniot marketinski odsek? Druga tema e toa, ama koga sme vekje kaj niv, rekov da prasam.
angel Mediumite vo Makedonija se dosta slobodni a toa zanci sekoj pravi sto saka vo pravec na zadovoluvanje na svoite interesi. Gledam samo vesti na A1 i na kanal 5 a Sitel odamna ja otpisav od listata na pozelni televizii.
трендафил Интересно е зошто на толку голем број телевизии (со многу повеќе камери) нема снимка од ниту една борба во 2001 година. Ако ги исклучиме сминањата од далеку без телеобјектив (зум), не се снимени ниту битките што траева повеќе денови. Арачиново или Радуша на пример. Има повеќе снимки од I светска војна, кога филмот бил во пелени, отколку кај нас пред 4 години. А мислам дека во Македонија има повеќе камери отколку на сите европски боишта во 1914 година. Мислам дека тоа е срам и за македонското новинарство, но и са сите Македонци што имаат камера. Сите ли беа дезертери, па бегаа од фронтот? Многу ретки се извештаите од странство. Во Хаг, на пример, отиде само Ивона Талевска од Сител. Другите обично патуваат заедно со некој од власта, како наградно патување за успешно извршената задача. Да напоменам и дека оваа година за Велигден Љубчо Георгиевски веројатно не отиде во странство. Затоа не беше спомнат по медиумите. За другите политичари не би можел да тврдам, затоа што новинарите ги интересираат само патувањата на Георгиевски.
concrete
quote:
Originally posted by трендафил
Интересно е зошто на толку голем број телевизии (со многу повеќе камери) нема снимка од ниту една борба во 2001 година. Ако ги исклучиме сминањата од далеку без телеобјектив (зум), не се снимени ниту битките што траева повеќе денови. Арачиново или Радуша на пример. Има повеќе снимки од I светска војна, кога филмот бил во пелени, отколку кај нас пред 4 години. А мислам дека во Македонија има повеќе камери отколку на сите европски боишта во 1914 година. Мислам дека тоа е срам и за македонското новинарство, но и са сите Македонци што имаат камера. Сите ли беа дезертери, па бегаа од фронтот? Многу ретки се извештаите од странство. Во Хаг, на пример, отиде само Ивона Талевска од Сител. Другите обично патуваат заедно со некој од власта, како наградно патување за успешно извршената задача. Да напоменам и дека оваа година за Велигден Љубчо Георгиевски веројатно не отиде во странство. Затоа не беше спомнат по медиумите. За другите политичари не би можел да тврдам, затоа што новинарите ги интересираат само патувањата на Георгиевски.
Snimki Trendafile ima...i toa mnogu i od razni izvori,dali nekogas ke gi vidime toa neznam. Inaku sto pobrzo se oslobodis od impresioniranosta od individuata Ljubco toa ke bide podobro za Makedonskite raboti, veruvaj mi, ne zasluzuva ni da go spomnes!!!!!Isto kao negoviot politicki antipod ; i edniot i drugiot sose bliskite sviti!!!!
Great_Macedonian Singapore e oznacena kako NOT FREE.. italia e PARTLY FREE kako nas. Nema vrska slobodata na mediumite so ekonomskata slika na zemjata.