4 godini od Masakrot vo Vejce
4 godini od Masakrot vo Vejce
melpomena Вејце - наш непребол

Денеска се навршуваат четири години од масакрот во Вејце, каде што на 28 април 2001 година од заседа беа убиени, масакрирани и живи запалени осум врвни специјалци, припадници на безбедносните сили на Република Македонија, „волците“: постариот водник Роберт Петковски од с. Бунарџик-Скопско, водникот Бобан Трајковски од Куманово, водникот Игор Костески од Кисела Вода-Скопје и водникот Миле Јаневски од Македонска Каменица, како и „тигрите“: Марјан Божиновски од Битола, Илче Стојановски од с. Породин, Кире Костадиновски од с. Г. Оризари и Бошко Најдоски од с. Д. Оризари - Битолско.


Ние, како родители, никогаш не ќе можеме својата загуба, жал, судбина, своето како гламја изгорено срце да ги исплачеме. Чувствуваме од ден на ден како здравјето не напушта, како да не сме дел од реалниот свет. Некој како да ни го одзеде одот - чекориме без цел, талкаме во место, беспомошно тонеме во животната бездна. Кога ги прегрнувавме лимените сандаци, наместо со последен бакнеж да се простиме од нашите чеда, претставниците на власта не тешеа и ни велеа дека за нас во секое време ќе бидат отворени вратите на сите институции. И од претходната и од оваа власт, не само што наидовме на заблиндирани врати, туку доживеавме и безброј понижувања, провоцирања и навреди.
Како сенки што се движат, секој 28-ми во месецот и секоја сабота, во спомен на денот на загинувањето на нашите чеда, како и секој празник, ќе не најдете покрај гранитните гробници каде што почиваат нашите рожби. Некои родители, баби и дедовци не издржаа и го напуштија овој свет, а на останатите низ коските и душата ни се всадува страв дека и ние нема да издржиме, да истраеме во осамената потрага и борба за вистината во откривањето на предавниците и убијците на нашите чеда.
Овие осум наши херои од Вејце беа најдоброто тогаш од Македонија, тие несебично ги положија своите животи. Застанувајќи на браникот на татковината во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, ќе останат во сеќавањето на Македонецот како сведоштво, парадигма и доказ за храброста на идните генерации.
Требаше да се порача или да се случи масакрот кај Вејце, по кој крвав настан се презедоа државнички чекори за прекин на неколкумесечната војна. Објавените фотографии со масакрираните и живи изгорени тела на осумте херои од Вејце, ја размрдаа и ја вознемирија совеста на македонската и на меѓународната јавност. Уште наредниот ден по ужасот, се собраа претседателите на партиите од власта и од опозицијата на состанок со врвните лица од власта и безбедносните сили, кога падна договорот за формирање проширена коалициска влада, која покрај другото, ќе работи на прекин на воениот судир и на почнување преговори помеѓу завојуваните страни. За жал, од потпишувањето на договорот за прекин на огнот, до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, се случија оружени инциденти, во кои загинаа најголем број припадници на безбедносните сили на Македонија, под неразјаснети околности.


Вистината за Вејце до денес останува енигма и освен безуспешниот обид на нас, родителите на загинатите, никој не се обиде да го расветли случајот, иако некои и по службена должност беа обврзани да го сторат тоа. Дури и ја лажат јавноста дека досието е комплетирано и се чека момент судски да се активира. Пред секои нови избори, партиските јуришници, за маркетиншки цели, ги потсетуваат гласачите да не го заборават Вејце. Ние тоа го доживуваме како безобѕирност, лицемерство и срамен чин на манипулација со нашите чувства и загуба. Како поинаку да ги сфатиме поставените прашања од собраниската говорница од оние на кои, кога беа на власт, им се случи Вејце и ништо не направија случајот да се расветли и виновниците да бидат соодветно казнети. Бараат одговор од оние што тогаш беа на другата борбена страна, а сега се во власта. Една е вистината за Вејце, која ја знаат двете страни. Но можеби им требаат време и смелост да и ја соопштат на македонската јавност. Дотогаш, за масакрот во Вејце многумина совеста ќе ги пече и ќе ги разорува.


Ние нема да дозволиме крвавиот настан да избледи, да се ревидира или да остане незабележан во историјата на македонскиот народ.


Државата не направи ништо од војната во 2001 година да воздигне свои вредносни системи, битки и херои и да им подигне достојни споменични обележја, а ликот и делото на загинатите трајно да го одбележи со печатени публикации, филмски записи и др. Се уште не било време да се дефинираат со вистинско име настаните од 2001 година, поточно да се соочиме со реалноста што и се случи таа година на Македонија и како тие настани ќе бидат претставени во учебниците по историја. Конфликт или војна беше и кој против кого и за што војуваше? Кој беше победник, а кој поразен? Од тоа ќе произлезе, односно законски ќе се дефинира статусот на загинатите, ранетите и на другите учесници во војната. Да се надеваме дека до одбележувањето на петгодишнината од масакрот во Вејце, овие дилеми ќе се расчистат, во интерес на соживотот, меѓусебната толеранција и изградба на посреќна европска Македонија.

Од родителите на
загинатите во Вејце-Тетовско


I jas se nadevam deka ednash za sekogash Makedonija kje reagira kako vistinska drzhava, i vlastite kje se svestat deka samo so izbistruvanje na vakvite situacii kje ja povratat doverbata na Makedonskiot narod.


n/a Оф топик ама, Зошто цензура не ми е јасно? Секој ваљда има право да си се изрази како сака, макар и најсељачки (шо не беше во случајов) освен разбирам ако е упатено кон некого на форумов. Нема смисла, кој се грижи толку за јазикот и гневот на корисниците?
fio Надевај се, додека се подлизурковциве на власт, ништо нема да се промени. (едитирано од администратор)
wolf_pack Se gadam i e teshko koga pomislam za nivnite roditeli i prijateli. Eve [url="http://www.dnevnik.com.mk/whitebook/"]link[/url] za belata kniga. [url="http://www.dnevnik.com.mk/whitebook/whitebook/WB_Download.pdf"]DOWNLOAD WHITEBOOK - PDF[/url] so fotografii od nastanite vo 2001.
OooOo 3 pati pochnav da pishuvam na ovoj topik i 3 pati go izbrishav tekstot! Epten sum gneven koga kje pomislam na ova!
Strelec Sopstvenikot na forumov im dal instrukcii na administratorite i moderatorite, pokraj ostanatoto, da ne dozvoluvaat i pcuenje na forumov! Patem, vakvi prashanja bi trebalo da se postavuvaat na potforumot "FAQ VMacedonia.com", ili vtora opcija ako mislish deka Boris greshi i sakash da mu sugerirash da si go smeni stavot, pishi mu privatna poraka! http://forums.vmacedonia.com/pop_profile.asp?mode=display&id=3
n/a Не, тогаш во тој случај ќе те пофалам кај сопственикот, пошто ти си единствен кој ете се грижи за тоа.
Strelec Ne bidi siguren... Mozhebi edinstven sum shto pishuvam deka e editirano od administrator, ama ne i edinstven shto editira! I ne zasluzhile zaginatite od Vejce ponatamu da pishuvame za ovie raboti... Ti kazhav kade treba da postavuvash vakvi prashanja! Vo kraen sluchaj, ova ne e korektno i sprema avtorot na ovoj topik!
wolf_pack
quote:
Originally posted by Strelec
I ne zasluzhile zaginatite od Vejce ponatamu da pishuvame za ovie raboti... Vo kraen sluchaj, ova ne e korektno i sprema avtorot na ovoj topik!
Ne mozham da te razberam, Ne zasluzhuva ova da bide vo znachajni nastani?
Strelec Aman be wolf_pack!? Ne zasluzhuvaat zaginatite od Vejce na topikov shto e otvoren za niv, vie da postavuvate vakvi prashanja!!!
јузер Mozebi ne e mesto tuka da napisam, ama mi tekna sega posto gledav vesti. Kako mozele nasive da go ispratat vo Hag slucajot so zatvoranjeto na ventilite na Lipkovsko Ezero, a slucajot so motelot Brioni da go nema nigde??? Toa mi bese muabetot, za motelot Brioni nikoj ne se interesira, kako da ne postoi, a bese eden od najpotresnite nastani od 2001! I uste ednas pocit kon zaginatite od Vejce.
melpomena По повод годишнината од Вејце Го читав писмото на роднините на загинатите кај Вејце. Потресно! А и како да не биде. Ги загубија најблиските. Тоа боли, но, претпоставувам, многу повеќе боли фактот што на некои прашања немаат одговор. Исто како што и граѓаните на оваа држава немаат одговор на прашањето што навистина се случи во текот на 2001 година. Сите обиди за отворање на оваа тема пропаѓаат. Од едни или од други причини, сите што се најповикани да одговорат на ова прашање молчат. Бегаат од него како од црниот ѓавол. А бегање нема. Љубе и Јохан се во Хаг. Од таму Карла четири предмети ни испрати назад. Ние да се расправаме со нив. А нашиот приод се знае каков е. Прво емоции, па потоа се друго. Политикантство најмногу. Ако ништо друго, тогаш заради континуитет. Заради продолжено владеење на Нејзиното величество - глупоста. А глупост е, се надевам дека ќе се согласите со мене, секој обид да се побегне од реалноста. Во конкретниов случај глупост е да се бега од вистината за 2001 година. Таа со секој поминат ден се повеќе навлегува во индивидуалната и колективната меморија. Наместо официјална, се создава прераскажувачка, но и етнички подвоена историја. Историја што наместо да не зближува, уште повеќе ќе не раздвојува. Кај едните ќе создава еуфорија, а кај другите желба за реванш. За идните учебници по историја и да не зборувам. Живо ме интересира на што ќе личат тие. Со кои зборови, со кои факти на идните генерации ќе им објасниме што навистина се случи таа година. За поуката и да не зборувам. Ако ништо друго, оној момент кога тие ќе се соочат со овој проблем, ќе сфатат дека од реалноста нема бегање. А во таа нивна реалност оцените за 2001 година веќе ќе бидат заклучени. Тешко, речиси невозможно ќе биде да се променат, доколку не ни одговараат. Едноставно, сакале ние тоа да го признаеме или не, 2001 година е историска година за Република Македонија. И без наша желба таа ќе влезе во учебниците по историја. Ако не во нашите, тогаш сигурно во тие на Косово или Албанија. Во помала мера, тие настани ќе бидат присутни и во текстовите на другите соседи. Исто како што ќе влезат и во општите историски анализи за настаните на просторите на поранешна Југославија. Копачите по архивите нема да не остават на мир. Ќе доаѓаат и ќе испраќаат писма со барање да им ги отвориме архивите од тој период. И повторно тие, јабанџиите, пред нас ќе ја напишат нашата историја. Ќе не доведат во состојба ние, наместо тие, да трчаме по сопственото минато. Да се караме и да докажуваме до бесвест, како што тоа го правиме сега со сите наши соседи. Но, ако за овие расправии и има некое оправдување, за следните ќе нема. Тогаш сме немале држава, сме немале институции што можеле да ја напишат нашата историја. Сега се имаме, ама не сакаме. Од дневнополитички интереси се плашиме да ја погледнеме и да ја дефинираме својата секојдневница. Некои би биле исклучително среќни кога би можеле сето тоа да го турнеме под килимче. Ама пустото не се турка. Како жива рана, те ќе фати корупка, те ќе протече. Но нема да заздрави се додека ние сите, колку што не има, не кажеме во глас тоа и тоа се случи. За добро или за лошо на оваа држава и на нејзината стабилност, загубивме толку и толку животи. За побрз или побавен развој, потрошивме толку и толку пари. И на крај, за помала или поголема меѓуетничка доверба, сите ние победивме, или сите ние загубивме. Само и само така можеме да почнеме да ја пишуваме сопствената историја, но и да ја анализираме денешницава. Да ја предвидуваме иднината. Уште повеќе, само и само на тој начин наместо дивоградби што не раздвојуваат, ќе можеме да изградиме заеднички паметник. Паметник што ќе не обединува, но и во кој ќе биде закопана сета зла крв што се уште вирее во нас. Која не дозволува душите на загинатите на мир да почиваат. Жално, но вистинито. Исклучително тешко, но друг начин не постои. За доброто на оваа држава и нејзините граѓани. Сакале или не, исклучок не можеме да бидеме. Светот не познава случај кога еден народ, една држава, една етнички мешовита заедница, успеала да се стабилизира и да се развива со бегање од вистината. Индивидуалната и колективната меморија не успеал никој да ги избрише. Но, многумина успеале да ги насочат во вистинскиот и полезен правец. Зошто и ние да не сториме така? Авторот е доктор по правни науки www.vreme.com.mk