LOL | |
AaaAa | Jas mislam deka na ova mestoto mu e ovde. Kolku beden narod seta po planetava zemja ej ;-( Najvpecatliv mi e exitot od studio... vo crn mercedes so telohraniteli...sindikalec ... c c c ЕГЗИБИЦИОНИЗАМ НА СИНДИКАЛНИОТ ЛИДЕР ВО ЕМИСИЈАТА ЧУМУ Трилерот на Муратовски По пријавата дека животот му е во опасност, претседателот на ССМ Ванчо Муратовски завчера во живо во емисијата Чуму со СМС порака од мобилниот побарал полициска заштита, па полицајци и телохранители влетале Во завчерашната емисија во живо Чуму на А1 телевизија претседателот на ССМ Ванчо Муратовски под закана дека животот му е во опасност направил вистинско крими шоу. Исплашен за неговиот живот Муратовски побарал полициска заштита и приватни телохранители. Драмата почнала уште на почетокот на емисијата во која тема беа работничките права со жестоката расправија меѓу него и претставниците на независните синдикати. Во најжестоката кавга, на 15-20 минути пред крајот на емисијата, еден од претставниците на независните синдикати му рекол на Муратовски да престане да кажува заврзлами "оти ако станел ќе го кренел на клоци". Тогаш Муратовски пребледе и го извади мобилниот телефон. Почнал набрзина некому да пишува СМС порака, што и камерите го регистрираа и неколку пати во преден план го покажаа како нервозно стиска на неговата мобилка. Наводно пораката ја пратил на мобилниот на негов близок соработник и проверен пријател од Синдикатот кој веднаш се јавил на 192 во полиција дека животот на претседателот на ССМ е во опасност. Од 192 веднаш алармирале до полицијата во Кисела Вода од каде била испратена патрола да интервенира по пријавата. Кога полицајците стигнале во А1 телевизија влегле и прашале каде е Александар Чомовски и кој му се заканувал. Дежурните новинари во телевизијата се збуниле од ваквото прашање на полицијата и му дале сигнал на Чомовски кој бил во студиото на Чуму да пушти на кратко реклами и да отиде и да се разбере со полицијата. Кога ја прекинале емисијата и пуштиле реклами Чомовски отишол зад камерите да види што сакаат полицајците. Тие кажале дека дошле на повик поради закана по животот на Чомовски. Набрзина сите се обиделе да ја разјаснат работата и расчистиле дека никој не му се заканува на Чомовски туку дека полицајците дошле поради заканите кон Муратовски. Бидејќи немале никаков налог биле замолени да си заминат, па полицајците излегле надвор каде чекале да заврши емисијата. ТВ магазинот на Чомовски продолжил, но само после неколку минути во А1 дошле двајца телохранители на Муратовски облечени во тренерки. Тие влегле во телевизијата и рекле дека се дојдени за да го заштитат претседателот на Синдикатот. Тогаш Чомовски ја прекинал емисијата. Сите во телевизијата таа вечер се чуделе како може некој да му се заканува на Муратовски и како така полицијата ревносно упаднала во телевизијата. Полицијата се правдала дека таа морала да провери бидејќи можеби некој носел оружје. "Покрај еден министер кој е дојден само со возачот без никакви телохранители некој ќе му се заканува на еден синдикалец", коментирале во вревата која настанала кога биле пуштени реклами, а емисијата прекинала. На излегување од телевизијата претставниците на независните синдикати го исвиркале и го пцуеле Муратовски. "Викна полиција да те брани од нас. Како не ти е срам телохранители да те чуваат од чесни луѓе", му дофрлале синдикалците кои беа гости во емисијата. Муратовски набрзина истрчал од А1 и избегал во црниот "мерцедес" што го чекал за безбедно да замине дома. Покрај лимузината го чекале и 5-6 телохранители, кои на обезбедувањето на А1 им се претставиле како обезбедувачи на некоја професионална агенција. МВР вчера потврди дека полицијата реагирала на пријава дека животот на претседателот на Синдикатот Ванчо Муратовски е во опасност и дека добил закани за физичко насилство. "Постапено е законски и е пратена патрола во А1 телевизија. Полицајците таму културно се легитимирале, а Чомовски им дозволил да влезат и бил учтив со нив. По завршувањето на емисијата, кога излегле актерите во случајот полицијата спречила инцидент, по што сите мирно се разотишле", изјави шефот на министерскиот кабинет во МВР Горан Павловски. Тој потврдува дека пријавата за заканувањето над Муратовски до 192 стасала од ССМ. Драма од Муратовски се очекувала и пред емисијата Чуму, кога првиот синдикалец се лутел што заедно со него во емисија ќе биде и неговиот најлут противник од независниот синдикат Слободан Антевски. Муратовски дури и велел дека ако Чомовски го покани Антевски, тогаш тој нема да се појави во емисијата. Од ССМ се заканувале: "Ако неандерталците од независните и автономни синдикати се појават во Чуму ќе ја расипат емисијата, а нивниот лидер нема да се појави". Вчера во јавноста брзо се прошири трилерот на Муратовски во емисијата Чуму, особено по коментарите на гледачите што тоа Муратовски цело време пишувал на мобилниот додека траела емисијата. Завчерашното тв шоу на Муратовски ја потсети јавноста на неговиот егзибиционизам од пред неколку години кога до сите новинарски редакции беа доставени негови интимни компромитирачки фотографии. Е. Златков *** Муратовски: Лицата во тренерки не ми се телохранители Претседателот на ССМ Ванчо Муратовски кој вчера рече дека е на службен пат во Битола, вели дека заканите до него во емисијата Чуму ги слушнала целата јавност. "Освен заканите што директно ми беа упатени од Момчило Ивановски и Слободан Антевски од Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, не добив никакви други телефонски закани", ни рече вчера Муратовски. Не е вистина, вели тој, дека во телевизијата дошле телохранители за да го заштитат. Двете лица облечени во тренерки не му биле обезбедување. "Ако мислите за полицајците коишто беа во студиото дека ме заштитувале тоа е веќе друга работа", ни рече вчера Муратовски. (И.С.) |
Christian | [img]http://us.news2.yimg.com/us.yimg.com/p/ap/20050425/capt.txgh20404251659.bush_saudi_arabia_txgh204.jpg[/img] voa ti LOL |