Nesposobni d***** (MInisterstvo za Odbrana?!)
Nesposobni d***** (MInisterstvo za Odbrana?!)
AaaAa Kako se gradese drzava!...! Ministry of Defence! Bitno e imame kesi,koj mu e gajle kako se pisuva... ili so e oficijalno. Vozi Misko МАКЕДОНСКАТА ОДБРАНА ИЗГУБЕНА НА ИНТЕРНЕТ Министерството за одбрана "отвора" екстремен грчки национализам Кога на Интернет ја бара грчката армија, нашето Министерство за одбрана (МО) ги отвора "грчките националистички страници", а Воената академија на Кина ја бара во Тајван. На страницата со електронски врски секоја трета врска не работи, а една четвртина од нив се погрешни. Од околу 170 врски на официјалната интернет-страница на Министерството, најмалку 50 не работат, а барем 35 ве поврзуваат со приватни страници, на кои се објавени лични коментари и неофицијални информации. "Македонија е дом на повеќе од 2,2 милиона македонски елини и наследничка на едно од најмоќните грчки кралства од антиката, кралството на Македон. Александар Велики беше роден во Македонија и живееше за да го шири елинизмот на далечните краишта на познатиот свет, стасувајќи до Индија на исток. Неговата и оставината на сите Македонци се загрозени од изгубени бугаро-цигански луѓе, кои чувствуваат потреба да присвојат туѓа историја за да го оправдаат своето постоење како нација и држава. Нивните тврдења се смешни. Македонците беа и секогаш биле Грци. Фактите се едноставни и достапни", пишува на страницата на која Министерството за одбрана смета дека се наоѓа сајтот на грчката армија. На страницата со врски на МО се наоѓаат линкови до воени сили или министерства за одбрана на 53 земји. Но, некои земји немаат среќа да бидат поврзани. Од четирите врски наведени под "Кина", две не работат, а две ги отвораат веб-страниците на Воената академија и на Воената воздухопловна академија на Тајван. Двата руски линка се од приватни веб-страници со лични коментари за состојбите во руските оружени сили, а врската со естонските одбранбени сили ја отвора конзуларната страница на Министерството за надворешни работи на Естонија. Најмалку четвртина од врските отвораат веб-портали со генерални информации за одредена земја или приватни интернет-страници. Адресата на хрватското Министерство за одбрана на линкот на нашето МО, кој не работи, е на извесен Томислав, а пристапот до хрватската армија е преку бесплатна приватна страница на порталот "Јаху", која веќе не постои.
BMPO MAkedonskata armija e sazdadena od bugarskata - so tankove i specialisti blagodarenie na koi albancite ne napravia so makedonia toa sto srbite napravia so makedonia za Bugaria - otdeliha ja od Bugaria vo samostojna drzhava.
melpomena BMRO kolku za info Makedonskata armija e mnogu dobro opremena, a specijalnite edinici se trenirani i obuchuvani na zavidno nivo!!![}:)] I ve molam ponatamu koga pishuvate napravete razlika pomegju MO-tamu rabotat civili i ARM i General Shtab kade shto rabotat voeni lica. Mnogu e zhalno shto kaj nas se ima civilna kontrola nad vojskata i taka celata odgovornost ja snosi ARM, a vsushnost vinata treba da se bara vo MO!
Jakov
quote:
Originally posted by BMPO
MAkedonskata armija e sazdadena od bugarskata - so tankove i specialisti blagodarenie na koi albancite ne napravia so makedonia toa sto srbite napravia so makedonia za Bugaria - otdeliha ja od Bugaria vo samostojna drzhava.
Makedonskata armija e formirana 1943god. na 18 avgust na Slavej planina posle trigodisni borbi na makedonskite partizani so bugarskite OKUPATORI i fasistickite vojski. Nie za 10 dena na 9 maj slavime 60 godini od pobedata nad fasizmot, a nasite pretsedateli dobivaat ordeni za taa borba na Makedoncite..... Zal mi e sto ja imavte utnato stranata kako i sekogas. Sreken 9maj den na EU posto drugo nemozete da slavite na toj den.