Велики Петок | |
cabrini | Денес е сеќавање на најтажниот настан во историјата на човештвото, денот кога е распнат нашиот Господ Исус Христос. Богочовекот Исус Христос кој единствен немаше грев пострада заради нашите гревови. Човекот не успеа да го препознае Спасителот, единствениот безгрешен и го распна на крст. По три дена Исус воскресна и му ја даде на човештвото најрадосната вест, веста за победа над смрта. Над оној што беше безгрешен смртта немаше сила. |