a-pin-dim |
Возљубени духовни чеда,
Велигден е ден на најголемата радост и од него нема поспасоносен ден. Милиони христијани, радосно и со молитвено расположение, се собираат со запалени свеќи во рацете, со желба симболично да земат од вечната Божја светлина која ги просветува сите, та да бидат постојано озарени со неа. Со свеќите в раце ние стануваме богоносни светилници и сведочиме за воскреснатиот Спасител и Бог, Господ Исус Христос, Којшто рекол: „Јас Сум Светлина на светот” (Јован 8, 12). И единствено во таа светлина, во светлината Христова, човекот може да го види својот богочовечки лик и во секој човек да види брат, пријател и ближен, кого треба да го сака и да му помага. Низ воскресенската светлина најдобро ги гледаме и вистинските вредности во животот, кои во нас создаваат мир и љубов. Во таа светлина можеме да ја оствариме нашата богообразна личност и да го постигнеме вечниот и бесмртен живот. Во Христовата воскресенска светлина се чувствуваме целосно духовно слободни, радосни и силни, а и сигурни патници кон спасението. На тој пат, на патот кон вечниот живот, сме повикани сите, најнапред со повикот на нашиот Спасител Господ Исус Христос, искажан во Светото Евангелие, а потоа и со непрестајниот повик на светата Црква преку светите Отци и црковните пастири. Повикани сме сите во заедница со Бога, кон трајна духовна радост во постојана близина на воскреснатиот Христос.
Возљубени чеда во Господа,
Живееме во време во кое младите луѓе кај нас останаа најзапоставени и најнезгрижени, со изразена безидејност и отуѓеност. Се наоѓаат пред постојани бегства од своите топли и родни огништа, пред заминување од прегратките на своите родители и од пазувите на својата Татковина. Ставени во безизлез, некои од нив се иселуваат, други немоќно остануваат, барајќи лажна утеха во посегнувањето кон дрога, наркотици, алкохол и друг вид труења на својата младост и иднина. Од тој безизлез произлегуваат бројни престапи и неморалности, од тој безизлез произлегуваат душевни слабости и духовен пад меѓу нашиот народ. Затоа и овојпат укажуваме на потребата од воведување на веронауката во образованието на Република Македонија. На тој начин ќе се победи безидејноста, слабодушноста и неморалноста и ќе се поттикне светото и доброто, духовното и вечното, она што го крепело и го крепи нашиот народ, и во таги и во жалости, и во маки и во страдања, и во радости и во убости.
Возљубени празникољупци,
Нашите прекрасни црковно-народни обичаи духовно н#1104; освежуваат, та во радоста на велигденската светлина ние ја доживуваме и сознаваме вистинската вредност на животот. Човекот толку вреди колку што е човек и човечен! Сите ќе бидеме измерени со евангелската мерка на љубовта. Никој нема да биде вреднуван со овоземни вредности. Затоа, пред светлината на велигденската свеќа и пред велигденското црвено јајце треба сите еднакво да се чувствуваме. Денес секое христијанско срце треба да е полно со радост и со неизмерна љубов. Секој секому треба да му е поблизок и помил од кога било во животот. Во најсветлата ноќ сите треба да сме со исти чувства и со иста радост: и архиереите, и свештенослужителите, и верниците, па дури и неверниците, бидејќи и нив ги опфаќа сјајот на празничното радување. Овде сме сите заедно и сите сме едно пред Бога! Велигденската радост н#1104; зближува еден со друг: и од различни партии, и од различни структури, и стари и млади, и богати и сиромаси. Сите постануваме едно и сите се исполнуваме со духовен восхит. Затоа Велигден е празник на радоста и животот. И црковната велигденска песна вели: „Ден е на воскресението..., да се прегрнеме еден со друг. Да им речеме браќа и на оние што н#1104; мразат, с#1104; да простиме со воскресението...” Ако го исполнуваме овој повик, само тогаш вистински празнуваме и покажуваме љубов, со цел да престанат сите недоразбирања и немири. Со љубовта кон Бога и кон луѓето се победуваат сите тешкотии во овој живот. Само таа може да н#1104; облагороди и да н#1104; просветли, и да создаде мир во душите и во животот, зацврстувајќи го Царството Божјо, и на земјава и на небото.
Возљубени Христољупци,
Знае Господ зошто толку многу го возљуби нашиот македонски народ и му даде место меѓу првите во европските народи, бидејќи најпрво кај нас беше испратен Светиот апостол Павле и Македонија постана отворена врата на Европа, низ која христијанството влезе во неа. Со тоа Бог го задолжи овој народ да биде предводник во духовниот од и растеж на другите народи. Таква задача добивме од Бога затоа што први ги прифативме и ги оживотворивме христијанските евангелски вредности; затоа што цврсто поверувавме во воскресението и научивме дека единствено воскреснатиот Христос дава одговор на сите прашања и проблеми; затоа што знаевме дека без Христа нема живот и вистина.
Но, ете, некои с#1104; уште сакаат и се обидуваат да го негираат нашето постоење, оспорувајќи го името на нашата држава и Црква, а со тоа и на с#1104; што е македонско. Нашето име не е ново, па дури и не е овоземно, ниту од човечко потекло, туку тоа е богооткриено и библиско. Македонија и Македонците се запишани во Книгата на животот, а тоа значи дека Бог благоизволил така да ја нарече оваа земја и овој народ. А Божјото е вечно и никој никогаш не може да го оспори и измени! Затоа ние не смееме да се откажеме од нашето име. Не смееме да се откажеме, бидејќи тоа име не го избравме ние самите, та ние да го измениме! Тоа име Бог ни го даде!
Возљубени чеда во воскреснатиот Господ,
Изминаа тие времиња кога решаваа без да н#1104; прашуваат. Никој веќе не треба да решава за нас без наше присуство и согласност! Сега, пак, ние самите најмногу можеме да си наштетиме себеси, а не некој друг. А непростливо ќе си наштетиме, ако допуштиме поинакво именување. Тогаш ќе бидеме виновни не само пред вековното постоење на Македонија и на Македонците, и не само пред нашата македонска држава и Црква, ниту само пред македонската култура и историја, туку ќе бидеме виновни и пред Бога! Тоа никој нема да ни го прости: ниту претходните, ниту идните македонски генерации; тоа нема да ни го прости ниту Бог. Затоа не смееме да бидеме против Бога и против себеси!
Во ова време кога во прашање е опстојувањето на нашиов народ и Црква, ние мораме мудро да најдеме сили да се спротивставиме на сите зломислија и злодејанија упатени кон нас. И да не дозволиме да биде понижено, обезвреднето или, не дај Боже, уништено достоинството на нашиов народ и Црква! Наше најсилно оружје нека биде меѓусебната љубов, единството, верата и надежта. Ако се браниме со овие сили, ако се браниме со Бога и со светињите, ако се барниме со добродетелите и со Божјата правда - тогаш нашата одбрана ќе биде силна и Бог ќе ја благослови!
Возљубени,
Годинава празнуваме јубилејно одбележување на илјада и стоте години од изградбата на манастирот на Свети Наум во Охрид; шеесет години од одржувањето на Првиот црковно-народен собор во Скопје; четириесет години од осветувањето на Македонските Правславни Цркви во Торонто - Канада и во Колумбос - САД; сто години од трагичната смрт на Никола Карев, претседателот на Крушевската република и деведесет години од погибието на пиринскиот цар, славниот македонски јунак Јане Сандански, како и шеесет години од Македонската влада во возобновената македонска држава. Овие настани се неизбришливи сведоштва за нашето вековно македонско, црковно и државно постоење, како и духовна поткрепа за нашиот опстој. Тие достоинствено ќе бидат одбележани, и во Татковинава и насекаде во светот, каде што живеат Македонците.
Честитајќи ви го најголемиот христијански празник, Велигден, ве поздравуваме со најрадосниот поздрав:
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !
|