Ризницата со 12 илјади книги | |
dejan | mnogu interesno!! ne sum znael deka nesto ovakvo ima vo makedonija!!! znae li nekoi ako ima ovakvi stari biblioteki vo makedonija? deka jas mislev bibliotekata vo skopje e naj stara:p ПРИВАТНА БИБЛИОТЕКА ВО БАБИНО СЕЛО СТАРА ЕДЕН ВЕК Ризницата со 12 илјади книги Во приватната библиотека на Стево Степановски во Бабино Село, која датира од 1882 година, има 12 илјади примероци на книги со секаква тематика и содржина. Поради фондот со кој располага, Стево е и најголеми Во старинската куќа на неговиот прадедо, на самиот влез во демирхисарското Бабино Село, Стево Степановски грижливо чува 12 илјади примероци на книги. Тоа го прави веројатно најголемиот македонски библиофил. Ракописи, стари и повеќе од 300 години, единствени примероци на книги напишани на старословенски, турски и на арапски јазик, црковни слова и знаци, стари речници, нотни записи... Собирањето книги за Стево е пасија. Тој од пред 40 години продолжува да ја негува семејната библиотекарска традиција, создавана еден век. Вели: "Според мене, поради библиотечниот фонд со кој располагам, сметам дека ова е можеби и најголемата приватна библиотека на Балканот. Сум истражувал и до сега не сум сретнал нешто слично". Приватната библиотека на Стево е именувана како Клуб на читатели "Алиби". Селската куќа е на два ката. Од собите, во кои се наоѓаат полиците со книги, се шири мирисот на стара хартија и бајати повези. Се забележуваат пожолтените корици на еден век старата Псалтекина литургија на св. Јован Златоуст. Тука е и првото издание на Деветтата симфонија на Бетовен, Музички речник на Карл Јунек, печатен во 1909 во Прага, од кој има само 30 примероци во светот. Го има и првото издание на приказните за "Шехерезада", "Али Баба", "Аладин", собрани во персиската книгата "1001 ноќ". А на еден од дрвените рафтови стои и најстарата книга воопшто во Македонија, Арапски речник од 1307 година. "За ова што го имам денес, виновен е мојот прадедо Јован. Тој бил турски војник кому, поради недостиг на пари од државната каса, Турците наместо со алтани, му исплаќале со книги. Дедо ми, исто така, многу често од своите соборци откупувал книги. Откако насобрал голем фонд на наслови, во 1882 година ја основал библиотеката. Со оваа работа продолжил да се занимава и мојот татко Ристо. До пред пред извесно време беа собрани 8 илјади примероци книги, а јас ја зголемив таа бројка на уште 4 илјади примероци", ја раскажува Стево приказната за семејното библиофилство. Поради библиотечниот фонд со кој располага Стево Степановски, НБУ "Св Климент Охридски", Библиотекарското друштво на Македонија и со решение на Министерството за култура од 25 октомври 2004 година, библиотеката му ја признаваат за прва приватна библиотека во Македонија која ги исполнува условите за основање и работа. Целиот книжевен материјал со кој располага Стево е класифициран и етикетиран. Тој точно знае од каде му е која книга и каде и е местото на полицата. За неговите книги досега се направени пет изложби, од кои три биле во Музеј на Град Скопје. Од први јули до 31 август, библиотеката во Бабино Село е отворена секој ден, а досега бесплатно ја користеле над 3 илјади читатели. "Па кој се не бил овде. Писатели, академици, моите лични пријатели - писателите Петре. М. Андревски и Божин Павловски, личниот биограф на Черчил, учесници на Струшките вечери на поезијата, студенти од Универзитетот во Сирија се редовни гости, доаѓаат и професори, странци, а се организираат и екскурзии на ученици", раскажува Стево. На првиот кат од библиотеката има неколку застаклени витрини. Во една од нив е насловната страница на првиот број на весникот "Нова Македонија", печатен во село Горно Врановце на 29 октомври 1944 година. Потоа, тука се и првопечатената книга во Македонија "Македонски правопис " од 1945 година, што е и единствен примерок, како и школски Македонски правопис, на кој веќе му е потемнета корицата, па не може да се види од кога датира. Зачуван е и зелениот пасош на најголемиот македонски и светски патописец Љубе Цветановски, со кој тој влегол во "Селото на книги" во Малезија. На вториот кат од библиотеката, во двете големи соби, меѓу насловниот книжевен фонд се и првите македонски изданија по ослободувањето во 45-та година, книги со најразлична тематика печатени во светски културни центри, книги од областа на историјата, филозофијата, социологијата, музиката, капитална литература на светски писатели што го тресеше светот во 20 век. На полиците има и книжевни податоци за историјата на Македонците, историјата на народностите и етничките групи. "Македонија - Швајцарија на Балканот" на Ванчо Михајлов, печатена на бугарски јазик во 1926 година во САД, е дел од насловниот фонд. "Во библиотеката има книги и на кои не можеш да им ја утврдиш староста ниту местото на печатење. Тие навистина имаат вредност. Поради довербата кон оваа културна ризница голем број македонски автори ги депонираат своите ракописи. Освен тоа, тука има и материјали за изработка на лектири, монографии, семинарски работи", вели Стево за своето културно царство. Библиофилот Стево Степановски, кој живее во Скопје, вели дека и покрај огромната љубов кон книгите, тешко се справува со нивното одржување. "За жал, мојот фонд нема ниту правна ниту техничка заштита, и повеќето книги се во тешка состојба". Степановски вели дека таканареченото амбулантско лекување на книгите е основното нешто за да можат тие да останат како дел од библиотеката и во наредните години. "Упорно настојувам да најдам средства, зашто, сепак, книгата е како човек, мораш да внимаваш на нејзиното здравје. Не е лесно да се одржуваат книгите, посебно страниците кои се изработени од дрво. Постојат 60 видови болести од кои страдаат книгите, ама добро е што во мојата културна ризница се уште ниту една книга не се разболела сериозно. Инаку, еден од начините за лекување е со витамински инјекции Б6 и Б12. Здравјето на книгите ми е приоритет, и постојано сум во преговори со државните институции , амбасади, фондации за помош и нивно лекување", вели македонскиот библиофил. Стево кажа дека деновиве се работи на проектот за нова инвестиција во библиотеката. Тој вели дека минатата година, со помош од Министерството за култура, Единицата за координација за развој на општините и од Светската банка е направена реставрација на куќата. Особено помогнале во средување на ентериерот, со што се овозможило да се сместат повеќе од илјада книги. Следното што треба да се направи во текот на летото е изградба на амфитеатар во дворот на библиотеката, како и реновирање на една од собите на долниот кат, што ќе биде етно музеј. |
dejan | http://www.vest.com.mk/default.asp?id=96281&idg=5&idb=1453&rubrika=Revija |
ozonce | Ne e svesen kolku e bogat. |