Закон за работни односи |
OooOo |
Nemozhev da ja najdam temata kade shto diskutiravme za ova. Verovatno e vo arhivata.
МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
Новиот закон за работни односи, во кој има околу 40 новини, Владата мора да го усвои најдоцна до 15 јули годинава. Министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски утврдениот рок за усвојување на законот на вчерашната презентација го правдаше со планот на Владата. "Ние сме Влада која работи по зацртан план и динамика и тој мора да се донесе до средината на јули", вели Јакимовски.
За разгледување и корекција на законот кој, според министерот за труд и социјална политика, бил прифатен од министрите, остануваат уште неполни два месеца. Министерот вели дека усогласувањата ќе се правеле за време на постапката на усвојување која ќе оди во две фази. "Работната верзија на законот ќе биде отворена за сите добронамерници што ќе имаат нешто да додадат или да исправат", рече вчера Јакимовски.
Новините, според министерот, се однесуваат на забраната на дискриминација и половата дискриминација со која се заштитени работничките права, без оглед на половата припадност.
"Работодавецот со новиот закон нема право да бара лични податоци на кандидатот за вработување. Не смее да да го прашува дали е во брак, разведен. Ако кандидатот е жена, работодавецот не смее да прашува дали е бремена и да бара други лични податоци", вели Јакимовски.
Во новиот закон ќе биде регулиран и работниот однос на куќните помошнички. Тие ќе потпишуваат договор за работа со сопственикот, ќе им тече работен стаж, и за нив ќе се плаќаат придонеси. "Таа ќе може да се плаќа и во натура ако живее во куќата во која работи, но плаќањето во натура не смее да биде поголемо од 50 отсто од утврдената месечна плата.
"Ги зајакнавме надлежностите на инспекцијата. Фирмата може да се затвори ако не се почитува работното време, ако вработените немаат договори за работа и за други нерегуларности. Но ако сопственикот плати 150 илјади денари казна, ќе може да продолжи со работа. Воведени се и мандатни казни кои порано ги немаше", вели Јакимовски.
Според него, единственото кратење на работничките права во новиот закон е во намалувањето на испратнините. "Порано се заминуваше со осум плати, сега тие се намалени на шест. Што се однесува за забраната за организирање на штрајк пред седиштето на фирмата и работните простории, како и неисплаќањето на плата за деновите кога работникот штрајкувал, тоа се само прецизирани правила кои ги немаше во стариот закон", објаснува Јакимовски.
Породилното останува девет месеци, но мајката секој ден додека бебето да наполни 12 месеци ќе може да отсуствува од работа 1 до два часа за да да го дои. За родени близнаци породилното ќе биде една година.
Site raboti vo bold shto gi staviv mi se svigjaat! |
mako |
Del od rabotnicite sepak se obrakaat do sindikatot za pomosh. No sindikatot izgleda ne reagirat kolku sto treba, a instituciite ic. Koga nikoj ne gi sankcionirat rabotodavacite mozhat slobodno da si teraat po staro. A i onie rabotnici koi se zhalat i prijavuvaat ke zamolcat ko ke primetat deka za dzhabe gi informiraat nadlezhnite.
Штипските работници своите маки ги пишуваат во синдикална црна книга
Маре Стоилова02.05.2005
Во последните 8 месеци вкупно 4.780 работоспособни Штипјани влегле во општинскиот синдикат, во оваа просторија ја искажале својата мака. Побарале помош или се пожалиле на грубото кршење на нивните елементарни работнички права.
Најобесправените патетично ја запишале својата приказна во која ги наведуваат имињата на газдите кои не им ги исплатиле платите, ги уценувале, па дури и сексуално ги малтретирале. И така за само 4 месеци во т.н. црна книга афтентично и оригинално се пренесени вкупно 143 работнички приказни.
А кој тоа најмногу се жали на кратењето на работничките права, според имињата на овие списоци дури 80% се жени.
Но иако редовно се обраќаат до синдикатот за неговата работа вака резонираат Штипјани.
„Од доаѓањето на Муратовски синдикатот згасна“, велат Штипјани.
Дали и новите сопственици имаат слух за синдикално организирање во нивните фирми.
„Постоење на синдикална организација не не плаши и не би требало да не плаши, тоа се тие луѓе кои се тука“, вели Весна Миладинова сопственик на „Албатрос“.
Сепак и покрај привидно добрата соработка помеѓу стопанствениците по периодот на трансформацијата од општествена во приватна сопственост само во 4 штипски фирми постои синдикална организираност
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=46053 |
lav |
Сите досегашни закони во Македонија биле и сеуште си се ОДЛИЧНО напишани , НО не и секојпат како такви спроведувани во секидневната пракса , освен по исклучок , разбира се за „посветените„ ...нели?
пс
Се според познатиот принцип КОМПИР ГЛЕДА , МЕСО (ти) ВАДИ и ОБРАТНОТО...нели!!! |
OooOo |
quote: Originally posted by lav
Сите досегашни закони во Македонија биле и сеуште си се ОДЛИЧНО напишани
Ne bash ... mnogu od niv se dvosmisleni i ne se jasni. Toa mislam deka beshe i zabeleshka na EU. Samo da ne zabeguvame na druga tema ... |
melpomena |
Seto ova e ubavo, no koj kje go pochituva?
Koga polagav Trudovo pravo na fakultet se chudev kolku privilegii imaat rabotnicite, a sepak NIEDEN privatnik ne gi primenuva.
'Rmbaj cel den-ako ne ti se dopagja ima iljadnici nevraboteni koi bi rabotele pod tie uslovi[}:)] |
lav |
quote: Originally posted by melpomena
Seto ova e ubavo, no koj kje go pochituva?
Koga polagav Trudovo pravo na fakultet se chudev kolku privilegii imaat rabotnicite, a sepak NIEDEN privatnik ne gi primenuva.
'Rmbaj cel den-ako ne ti se dopagja ima iljadnici nevraboteni koi bi rabotele pod tie uslovi[}:)]
Со ова искажување само го потврдуваш она што погоре Јас го напишав во врска со правата запишани во Законот и нивната примена во пракса. |
mako |
Ne glem nesto 'afrikansko' vo noviot predlog zakon. A toa sto nisto ne se pocituvat si e do efikasnosta na instituciite. Koga ke se zgolemit verojatnosta deka nekoj ke bidit otkrijen i kaznet, ke se namalit i spremnosta da se pravat mucki. |
OooOo |
Ne treba da bide 'otkrien' ... treba da bide PRIJAVEN! |
dejan |
neli ima nekoj broj za da prijavis takvi slucai? |
mako |
Otkrien ili prijaven. No retko rabotnik da prijavit ako mislit deka so toa ke pridonesit da se zatvorit rabotnoto mesto i povtorno da ostanit bez rabota, kakva i da e. Citav negde deka rabotodavaci koi sto poveke pati ne si gi ispolnuvaat obvrskite sprema vrabotenite i drzhavata, javno ke bidat spomnati na eden 'list of shame'. Toa zvucit kako dobra ideja. Isto taka sindikatite mora da se poaktivni so svoi informativni kampanji i aktivnosti na terenot namesto da bidat 'partiski sindikati' i postojano megusebno da se prepukuvaat i taka da gubat uste poveke kredibilitet. |
трендафил |
Во ситуација кога бројот на невработени е скоро еднаков на бројот на вработени, ваков закон значи само дека рабатодавачите ќе им го вадат на работниците маслото што поинтензивно и дека после ќе ги отпуштаат и на нивно место ќе примаат нови, млади. Избрканите веќе никој нема да сака да ги вработи.
Во Македонија секој може за многу кратко време да дознае дали некој е во брак, разведен или било кој податок од овој тип, па правото да не се прашува за ова не е никаква реална придобивка. Ако било кога работодавачот дознае нешто во врска со ова, работникот ќе добие отказ (што новиот закон го овозможува). Нормално, во решението за отказ ќе напише дека не е задоволен од работата.
Ако вработените не штрајкуваат пред седиштето на фирмата, каде тогаш треба да штрајкуваат. Пред друга фирма ли?
Во Словенија не е намалено ниту едно работничко право затекнато од СФРЈ. А таа е членка на ЕУ. (Патем, уште ги користи тенковите Т-55, а членка е на НАТО.) Вакви драстични намалувања на правата на работниците се карактеристични за екстремно десни партии (како ДУИ на пример). Не и за социјал-демократски, за каква се легитимира СДСМ.
|