пилешко.. |
The`bItCh |
Пиле во вино
За подготовка на ова јадење потребно е..
- 1 пиле
- 100 гр. чадена шунка
- 1 главица кромид
- 100 гр. путер
- 100 гр. сечкани маринирани шампињони
- 3 чешниња лук
- магдонос
- мајчина душичка
- 1 лажица брашно
- 4 дл. црвено вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40- тина минути.
На даската за сечење пилето го сечеме на парчиња. Парчињата месо ги ставаме на чинија. Во тава за пржење на оган ставаме путер и масло да се загреат. Мешаме за путерот побрзо да се растопи. Парчињата месо на чинијата ги посолуваме. Потоа ги наросуваме со мелен црн пипер. Ги превртуваме парчињата месо. И од другата страна ги наросуваме со мелен црн пипер и ги посолуваме. Потоа парчињата месо ги ставаме во тавата на оган да се пржат. Ја протресуваме тавата.
Кромидот ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го ставаме во сад настрана. Потоа ситно ги сечкаме чешнињата лук. И парчињата лук ги ставаме во сад. Откако месото ќе се испржи од едната страна ги превртуваме парчињата во тавата.
Шунката ја сечкаме на коцки. Исечканата шунка ја собираме во сад настрана. Испржените парчиња месо ги вадиме од тавата и ги редиме на чинија. Во истата тава во која се пржеше месото го ставаме да се пржи исечканиот кромид. Промешуваме. Потоа во тавата ја додаваме исечканата шунка. Повторно промешуваме. Го додаваме и исечканиот лук. Промешуваме. Ги додаваме и шампињоните. Повторно промешуваме. Ја додаваме и изронетата мајчина душичка. Повторно промешуваме. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Мешаме. Ја протресуваме тавата. Ја покриваме тавата со капак. Откако смесата е издинстана го тргаме капакот. Во тавата го додаваме брашното. Промешуваме. Го додаваме и црвеното вино. Повторно промешуваме. Потоа во тавата ги ставаме претходно испржените парчиња пилешко месо. Ја покриваме тавата со капак. Оставаме да се динста 15-тина минути. Магдоносот ситно го сечкаме. Пред крајот на динстањето во тавата го додаваме исечканиот магдонос. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. На чинијата за сервирање ги редиме парчињата месо.
Потоа ги преливаме со сосот од вино во кој се подготвуваа. Украсуваме со гранчиња француски магдонос.
|
The`bItCh |
Пиле во млеко
- 1 пиле од околу 1,5 кг.
- 600- 700 мл. млеко
- 1 лимон
- 125 гр. путер
- 100 мл. павлака
- 4 чешниња лук
- полоина кафена лажица мелен бел бибер
- половина кафена лажица жалфија
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Во тенџере на оган ставаме путер да се растопи. Во тенџерето додаваме масло за јадење. Пилето го посолуваме и од внатрешната и од надворешната страна. Го наросуваме со мелен црн пипер. Со раце ги втриваме солта и црниот пипер во пилето. Исто така и жалфијата ја втриваме во пилето. Кората од лимон ја ребдаме. Лимонот го сечме на половина. Половината лимон го ставаме во внатрешноста на пилето. Вака подготвеното пиле го ставаме да се пржи во тенџерето на оган. Рендаме кора од уште еден лимон. Откако ќе порумени од едната страна пилето го превртуваме во тенџерето. Уште еднаш послуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Огноотпорниот сад го намрснуваме со путер. Тенџерето го тргаме од оган. Го вадиме пилето од тенџерето и го ставаме во огноотпорниот сад. Го преливаме пилето со млеко. Во садот ја додаваме ренданата кора од лимон. Чешнињата лук ги гмечиме со нож и ги додаваме во садот. Ги додаваме простанатото млеко и путер. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минти на температура од 180 степени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Ја вадиме половинката лимон од внатрешноста на пилето. Го вадиме пилето од огноотпорниот сд и го ставаме на чинијата за сервирање. Течноста во која се подготвуваше пилето низ цедалка ја ставаме во поголем длабок сад. Ја додаваме павлаката. Мешаме со жица за матење. Го додаваме мелениот бел бибер. Продолжуваме да мешаме. На чинијата го сервираме претходно обарениот мешан зеленчук. Со црпалка пилето го преливаме со сосот. Украсуаваме со кругови лимон.
потребно време 60 минути... |
The`bItCh |
Пиле во сол
- едно пиле
- 2 кг. крупна морска сол
- 3 јајца
- 1 лимон
- мајоран
- копар
- рузмарин
- маслиново масло
- црн пипер
Ги земаме јајцата, ги кршиме едно по едно и ги двоиме жолчките од белките. Белките ги ставаме во садот за матење, а жолчките во сад настрана. Го вклучуваме миксерот и започнуваме да ги матиме белките. Не прекинувајќи со матењето во садот постепено додаваме 2 килограма морска сол. Продолжуваме да матиме со миксерот, додека не се соедини солта со белките.
Го земаме пилето и убаво го миеме со вода. Измиеното пиле го ставаме на чинија. Го земаме садот со мајоранот и во истиот сад го додаваме копарот и рузмаринот. Промешуваме со рака и од комбинацијата од зачини ставаме врз пилето од сите страни, а и во внатрешноста на пилето. Посолуваме во внатрешноста на пилето. Потоа во внатрешноста на пилето ставаме еден цел лимон. Со помош на кожата го затвораме пилето.
Во керамичка тава ставаме од претходно изматените белки со сол. Целото пиле го облепуваме со смесата од белки со сол и го ставаме на средината на тавата. И горната страна на пилето ја облепуваме со белки со сол. Ја мазниме површината. Керамичката тава ја ставаме во рерна да се пече пилето. Печеме 60- тина минути на температура од 250 степени. Откако пилето е испечено ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Го одлепуваме пилето во сол од тавата и го ставаме на чинија. Ги отстрануваме остатоците од сол од пилето, а потоа пилето го ставаме на чинија за сервирање.
Претходно сварените компири со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во сад за матење. Посолуваме и во садот додаваме од претходно загреаното млеко со путер. Матиме со миксер и додаваме од млекото додека пирето не ја добие потребната густина. Го исклучуваме миксерот и во пирето додаваме копар. Со црпалка промешуваме и пирето го полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ја украсуваме чинијата со пирето од компири. Декорираме со претходно обарени главички прокељ и еден цвет ормиран од лушпа од домат.
потребно време .. појќе од еден саат.. негде околу 70-тина минути.. |
The`bItCh |
Пиле на марокански начин
- 1 пиле
- 3 моркова
- 200 гр. ориз
- 30 гр. бадеми
- 50 гр. суво грозје
- 1 чешне лук
- 3 лажици мед
- 1 кафена лажица цимет
- 1 кафена лажица кари
- половина лажица шеќер
- масло за јадење
- сол и црн пипер
На даската за сечење пилето го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер и од внатрешната и од надворешната страна. Го ставаме пилето во огноотпорен сад. Го полеваме пилето со вода и додаваме масло за јадење. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 1 час на температура од 250 степени.
Бадемите ситно ги сечкаме. Чешнето лук го гмечиме со нож и ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во садот со бадемите. Ги додаваме карито и медот. Додаваме 2-3 лажици врела вода и промешуваме.
Во тенџере налеваме вода и го ставаме на оган. Посолуваме и го додаваме сувото грзоје и циметот. Во тенџерето го додаваме и оризот. Морковите ги сечкаме на кругови.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме морковите да се пржат. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме половина лажица шеќер. Во тавата налеваме околу 300 мл. вода. Вариме додека морковите не омекнат. За време на варењето оризот го промешуваме. По 50 минути печење го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Пилето го премачкуваме со смесата од мед и бадеми. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Кога оризот ќе се свари го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Во тенџерето ги додаваме морковите од тавата. Промешуваме.
Огноотпорниот сад го вадиме од рерна. Го преливаме пилето со сосот во кој се подготвуваше.
На чинијата за сервирање го ставаме оризот. Врз оризот го ставаме пилето на марокански начин. Украсуваме со кришки лимон и гранчиња француски магдонос.
време за подготовка сат и пол[:D] |
dalila |
Piroshki od pileshko meso
potrebni sostojki:
1 kokoshka, varena i ohistena od kozi i koski
1/2kg vareni kompiri
1 jajce(zivo)
1 lazica prezli
sol, biber po vkus
Seto ova se mele na mashina za melenje meso i se zamesuva.
Oblikuvanite parchinja(piroshki ili pleskavici) prvo se uvalkuvaat vo belka od jajce i posebno vo prezla.
Potoa se przat vo vrel zejtin.
So niv odlichno odgovara tatar sos. |
dalila |
Polneto pileshko belo meso
[img]http://www.kuvarica.co.yu/jelovnik/images/mesa/curka-punjeno.jpg[/img]
Potrebni sostojki:
4 pachinja pileshko belo meso
200gr spanakj
125gr kashkaval
500gr patlidzani
1 glavica kromid
2 lazhici "zachinal"
3 lazhici puter
malku svezh magdanos za ukrasuvanje
sol i biber
Beloto meso go mieme i go prosushuvame i pravime zaseci vo vid na dzepovi.
Spanakjot gi mieme i proprzhuvame na malku puter zaedno so iseckaniot na kockici kromid, a na krajot se trga smesata od ringlata i se dodava na kockichki isecheniot kashkaval.
So ovaa smesa se polni mesoto i "dzepovite" se zatvaraat so chachkalici.
Patlidzanot se poparuva so vrela voda, se ljushti i se secka na sitni kockici. Mesoto se posipuva so "zachinalot" .Se przhi vo tava se dodeka ne dobie zlatno-zholta boja i togash se dodava iseckaniot patlidzan,se posoluva, se pobiberuva, i se ostava da se dinsta zaedno desetina minuti.Na tanjirot se sipa patlidzanot i se prekriva so mesoto i ukrasuva so iseckaniot magdanos. |
dalila |
Pileshko so kikiriki
potrebno e:
500gr pileshko belo meso
1 kromid
1 strag praz
2 lazhici zejtin
1/4 glavica zelka
100gr kikiriki
sol, biber
soja sos
Mesoto se seche na parchenca so shirina 1cm i dolzhina 3cm,pa naglo se proprzhuvaat na vrel zejtin od site strani.
Potoa otkako kje se izvadi vo istiot zejtin se dinsta sitno iseckaniot kromid, praz i zelka iseckana na lenti.
Zelenchukot se dinsta so neprestano meshanje petnaeset minuti na sredno jak ogin.Togash se vrakja mesoto, se posoluva i pobiberuva, se dodavaat kikirikite i soja sosot.Se sipa 2 lazhici voda, poklopuva i dinsta desetina minuti.
Kako prilog mozhe da se posluzhi oriz.
|
dalila |
Belo pileshko meso so suv vrat
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/764_jidlo_6.jpg[/img]
Sostojki za 4 porcii:
500gr belo pileshko meso
200gr suv vrat
200gr kashkaval
1 jajce
senf
zachinal
1 pavlaka
Beloto meso se stava vo ognootporen sad, se zachinuva i premachuva so senf.
Potoa se redi suviot vrat, se premachkuva so pavlaka i se dodava kashkavalot iseckan na livchinja.
Seto toa se preliva so izmatenata pavlaka so jajceto i se peche okolu 30 minuti.
|
The`bItCh |
Полнети пилешки батаци
потребни состојки
- 4 пилешки батаци
- 200 гр чадена сланина
- 50 гр сирење
- 8 до 12 моркови
- една чешна лук
- една китка магдонос
- 50 гр зелени маслинки
- 2 домата
- масло за јадење
- сол и бибер
подготовка
Во ова јадење ви подготвуваме еден специфичен прилог кон полнетите батаци кој можете да го служите и како посебен оброк.
Во длабок сад ги ставаме исчистените моркови за да се варат полнејќи го садот со вода колку да се покријат морковите.
Пристапуваме кон подготовка на батаците за полнење.
Ги одвојуваме коските од месото на карабатакот, а самиот батак го расекуваме на средина. Месото од карабатакот го рашируваме со рака а потоа го толчиме. Батаците убаво ги посолуваме од двете страни. Потоа им додаваме мелен бибер по вкус.
Подготовка на смесата за полнење.
Половина од количество исчистени маслинки ги ставаме во посебен сад. Им додаваме ситно сецкан лук. Од доматите ја симнуваме лушпата, ги сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме во истиот сад. Истот го правиме и со магдоносот. На целата смеса и го додаваме целото количество на сирење кое го дробиме со рака. Смесата ја мешаме и и додаваме бибер по вкус. Со ова смесата за полнење е подготвена.
Во текот на варењето, морковите повремено ги превртуваме.
Батаците ги полниме на делот од карабатакот. Месото го затвораме со чепкалки.
Морковите се полуварени. Еден од нив го сечеме на три дела по должина. Од крајот на половинката правиме фигура по избор.
Загреана скара ја полеваме со масло за јадење и ја посолуваме за да подоцна батаците не ни се лепат за скарата. Најпрвин батаците ги печеме од внатрешната страна, а потоа и од другата се додека не се испечат убаво. При превртувањето треба да внимаваме да не ни истече смесата со која ги полневме.
Варените моркови ги обвиткуваме со парчињата сланина и ги тргаме на страна. Батаците се готови и ги ставаме на чинија со која ќе ги служиме. Потоа на скарата ги потпекуваме морковите обвиткани со чадената сланина. Во текот на печењето повремено ги превртуваме за да убаво се испечат од сите страни.
По кусо време морковите се печени. На крајот од секој морков за декорација му ставаме дршки од магдонос.
Декорацијата ја надополнуваме со неколку гранчиња свеж француски магдонос И неколку кришки свеж лимон. |
dalila |
Pileshki baknezhi
[img]http://www.uputstva.co.yu/recepti/glavnajela/pileci-poljupci.jpg[/img]
potrebno e:
500gr belo pileshko meso
2 cheshninja luk
zachinal
malku kari
zejtin
brashno
1 pomala glavica kromid
4 lazhici susam
seckan magdanos
Beloto meso zaedno so lukot i zachinite se mele na mashina za melenje meso.
Od dobienata smesa se pravat mali okrugli formi koi uvalkani vo brashno se przhat vo vrel zejtin se dodeka ne dobijat zlatno-crvena boja.
Taka przheni se prelivaat so slednovo:
Na malku zejtin se proprzhuva sitno iseckan kromid i susam, se posipuva so seckan magdanos. |
dalila |
Pileshki paprikash so knedli
potrebno e:
1 pile
1,5dl kisela pavlaka
1 domat
2dl voda
50gr kromid
crven piper, brashno
sol
za knedlite:
sholja ostro brashno
4 jajca
2,5dl mleko
malku brashno za pecivo
malku margarin
Se umatuva margarinot pa mu se dodavat edna po edna zholchka.Se dodava brashnoto i jajcata so neprestano meshanje, a potoa i izmatenite belki.Se ostava testoto da odstoi pa so lazhichka se spushtaat knedlite vo voda shto vrie.Se varat desetina minuti.
Sitno se secka kromidot i se proprzhuva na malku zejtin.Se dodava pileto isecheno na pomali parchinja, posoluva, posipuva so crven piper i dinsta dodeka ne omekne.Se vadi mesoto i vo toj sok se sipa pavlakata vo koja predhodno ste razmatile malku brashno.Koga sosot kje se uvari, se vrakja vo nego mesoto i dodava isecheniot domat.Na kraj vo paprikashot se dodavaat i knedlite.
|
dalila |
Pikantno pileshko
potrebno e:
1,5-2kg pileshko meso
4-5 morkovi
4 glavici kromid
1 glavica luk
pavlaka
3-4 jajca
vegeta, zejtin, biber
Pileshkoto se vari, morkovite se chistat i oni se dodavaat kaj mesoto da se svarat.Kromidot i lukot se seckaat i se proprzhuvaat, dodavajkji malku supa povremeno.
Oladenoto pileshko se razdvojuva na shto pomali parchenca, a morkovite se seckaat.
Vo ognootporen sad se promeshuvaat pileshkoto, morkovite, lukot, kromidot,vegetata, biberot, malku supa i se stava da se zapeche vo zagreana rerna.
Pavlakata i jajcata se meshaat i se prelivaat preku zapechenoto pileshko, pa povtorno dobro se zapechuva. |
wolf_pack |
vie dvete ste stvarno specijalni[:)] od ubavo poubavo e ova:)) Dozvola mi davate da gi kopiram receptite vo tetratka[:p] |
Tik Tak |
Malce off topik ke otidam ,se izvinuvam ama me asocirace ova pileskovo..
Ima edna cura so ja "brkam" odamna a ona kao "bega" i stalno i se obrakjam so "pile".."pile moe" itn .a eve sto bil receptot da ja "svaram"...fala![:)] |
dalila |
quote: Originally posted by wolf_pack
Dozvola mi davate da gi kopiram receptite vo tetratka[:p]
Dozvoleno ti e...pod uslov tetratkata vo miraz da si ja nosish[;)][:D]
quote: Originally posted by Tik TakIma edna cura so ja "brkam" odamna a ona kao "bega" i stalno i se obrakjam so "pile".."pile moe" itn .a eve sto bil receptot da ja "svaram"...fala![:)]
Kako od pile do vkusno pechenje[;)][:D]
[img]http://www.krstarica.com/slike/kuvar/vasi_recepti/pile_preobrazaj.gif[/img] |
The`bItCh |
quote: Originally posted by wolf_pack
vie dvete ste stvarno specijalni[:)] od ubavo poubavo e ova:)) Dozvola mi davate da gi kopiram receptite vo tetratka[:p]
секако дека можи[^]
само не ги чувај во тетратка рецептите.. напрај нешто и кажи дали е добро[;)]
|
The`bItCh |
ПИЛЕ ФРИКАСЕ ВО СОС ОД ПЕЧУРКИ
потребни состојки за 4 лица:
- 1 пиле
- 200 гр. свежи шампињони
- 250 гр. макарони
- 200 гр. павлака
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 100 гр. путер
- 1 пилешка коцка за супа
- корен и листови од целер
- магдонос
- мајчина душичка
- 50 гр. брашно
- сол и црн пипер
подготовка:
Коренот од пашканат го сечкаме на поголеми коцки и го оставаме во сад настрана. Главицата кромид ја сечкаме на четвртинк, па и неа ја ставаме во сад настрана. Морковите ги сечкаме на кругови и ги оставаме настрана. И коренот од целер о сечкаме на коцки и го ставаме на чинијата со листовите целер.
Потоа го земаме пилето. Го сечеме на парчиња и го оставаме на чинија настрана. На оган ставаме тенџере со вода и во него ги додаваме коренот од пашканат, коренот и листовите од целер, кромидот, морковите и пилешката коцка за супа. Потоа во тенџерето ја додаваме мајчина душичка , магдоносот и парчињата пилешко месо. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер, го покриваме тенџерето со капак и оставаме да врие. Откако месото е варено со лажица решетка парчињата пилешко ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во тава за пржење. Потоа со црпалка во цедалка, во еден поголем длабок сад го ставаме зеленчукот. Го притискаме зеленчукот со црпалката. Во тенџре со зовриена вода на оган ги ставаме макароните. Посолуваме. Зеленчукот од цедалката го ставаме во блендер и го пасираме.
На оган ставаме тава за пржење и во неа путерот да се растопи. На даската за сечење шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги ставаме во тавата да се пржат. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа во тавата го додаваме брашното и со црпалка налеваме од супата во која се вареа месото и зеленчукот. Промешуваме и во тавата ја додаваме павлаката. Повторно промешуваме и го додаваме испасираниот зеленчук од блендерот.
Убаво промешуваме и во тавата ги додаваме парчињата пилешко месо. Сварените макарони од тенџерето ги истураме во цедалка и ги плакнеме со студена вода.
На оган ставаме тава за пржење и во неа путер да се растопи. Потоа во тавата ги додаваме исцедените макарони. 6инијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. На чинијата ги ставаме макароните, а врз нив парчињата пилешко месо. Пилешкото го преливаме со сосот во кој се подготвуваше, а на чинијата ги вадиме и шампињоните. |
dalila |
Pohuvani rolatchinja
[img]http://www.coolinarika.com/img/recipe/305429_1.jpg[/img]
potrebno e:
600gr pileshko file
zejtin za prazhenje
za fil:
300gr domati
1 lazhica vegeta
1 cheshne luk
1 lazhica naseckan magdonos
1 lazhica iseckan svezh bosilok
2 lazhici maslinov zejtin
50gr maslinki bez kofchinja
za pohuvanje:
60gr ostro brashno
2 jajca
80 gr prezla
Na pileshkoto file stavame prozirna folija i so gotvarski chekan od parchinjata file pravime pogolemi shnicli.
Domatite gi ljupime, i seckame na kockichki.Im dodavame vegeta, ispasiraniot luk, magdanos, bosilok, maslinoviot zejtin i iseckanite maslinki pa seto toa dobro go meshame.
Sekoe parche go premachkuvam so filot, go vitkame vo rolat a kraevite gi pricvrstuvame so chachkalici.
Vaka napravenite rolatchinja gi uvalkuvame vo brashno, potoa vo razmatenite jajca pa na kraj vo prezlata.
Gi przhime na zagrean zejtin okolu 10-tina minuti.Koga kje se gotovi, se stavaat na salfeta da se upie vishokot od masnotiite i se vadat chachkalicite. |