Светски успех на македонски лекари !!
Светски успех на македонски лекари !!
dejan bravo!![:D] alal da im e. Научно откритие на македонски научници на Универзитетот "Колумбија" во Њујорк во соработка со Медицинскиот факултет во Скопје Светски успех на македонски лекари Македонските невропсихијатри Горазд Росоклија и Бранислав Манчевски, кои како научни истражувачи работат на Универзитетот "Колумбија" во Њујорк, создадоа техника за целосна визуелизација на невронот, основната мозочна клетка. За своето научно откритие, прво во светот и најзначајно во областа на невронауката за 2005 година, овие двајца македонски лекари се добитници на две највисоки американски награди за научни достигнувања. Д-р Росоклија, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот "Колумбија" во Њујорк, кој на македонската јавност и е познат како еден од поборниците за развој на научните истражувања во Македонија на полето на невронауката, е добитник на наградата што ја доделува АФСП (Американската фондација за превенција на суицидите), а д-р Манчевски, кој инаку е невропсихијатар од Психијатриската болница во Бардовци, ја доби наградата на НАРСАД (Национална асоцијација за истражување на шизофренијата и депресијата) Досега македонските научници што работат на Њујоршкиот универзитет располагаат со грантови во износ од 3,5 милиони долари: Горазд Росоклија Македонските невропсихијатри Горазд Росоклија и Бранислав Манчевски, кои како научни истражувачи работат на Универзитетот "Колумбија" во Њујорк, создадоа техника за целосна визуелизација на невронот, основната мозочна клетка. За своето научно откритие, прво во светот и најзначајно во областа на невронауката за 2005 година, овие двајца македонски лекари се добитници на две највисоки американски награди за научни достигнувања. Д-р Росоклија, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот "Колумбија" во Њујорк, кој на македонската јавност Ј е познат како еден од поборниците за развој на научните истражувања во Македонија на полето на невронауката, е добитник на наградата што ја доделува АФСП (Американската фондација за превенција на суицидите), а д-р Манчевски, кој инаку е невропсихијатар од Психијатриската болница во Бардовци, ја доби наградата на НАРСАД (Национална асоцијација за истражување на шизофренијата и депресијата). "Создадовме нова техника која привремено во САД ја нарекуваме "нео голџи". Со неа можеме да го видиме секој детаљ на невронот, најситните структури, односот на невронот со другите нервни клетки, слоевите на мозокот до кои одреден неврон допира и остварува контактиии, објаснува д-р Росоклија, кој додава дека овие резултати се дело на нивната научна група во соработката со проф. д-р Алексеј Дума и научниот лекарски тим од Институтот за судска медицина во Скопје. Новата метода, објасни д-р Росоклија, практично, отвори ново поглавје за натамошно истражување на сите болести што го засегаат мозокот, било психијатриски било невролошки, со тоа што првпат може да се види што се случува со невронот. Новата техника ќе биде основа за добивање многубројни грантови и од Националниот институт за ментално здравје на САД и од Европската заедница од програмата Кордис 6. Досега македонските научници што работат на Њујоршкиот универзитет располагаат со грантови во износ од 3,5 милиони долари. >?Ние сме првите што во 2000 година најдоа органски промени во мозокот на болните од шизофренија. Исто така, први го утврдивме и постоењето морфолошка (органска) промена во мозокот на луѓето што се самоубиваат, наодот на кој сў уште се работиии, потенцира проф. д-р Росоклија. Во 2000 година неговата научната група ги откри и имунолошките механизми на дијабетичната невропатија, по што дотогаш неизлечливата компликација на шеќерната болест започна да се лекува со интравенозна инфузија на имуноглобулини. Еден грант од Американскиот национален институт за ментално здравје веќе се реализира на Медицинскиот факултет во Скопје, пред сў на Институтот за судска медицина, под раководство на проф. д-р Алексеј Дума. Овој проект е во неговата трета година, а ќе биде продолжен за наредните пет години. Медицинскиот факултет од овој грант добива околу 60.000 долари годишно само за научно истражување. Преостанатите средства се користат за купување опрема за научни цели, за што Универзитетот "Колумбијааи досега има донирано околу 300.000 долари, а за потрошен материјал, реагенси и слично уште 150.000 долари. Следен чекор е изградба на научен институт во Охрид. Во него, потенцира д-р Росоклија, би се образувале кадри за научно истражување, а најголем дел од научните проекти што оваа научна група ги работи би се реализирале токму преку овој институт. Во изминатите тринаесет години, колку што проф. д-р Росоклија е во САД, неговиот научноистражувачки тим е награден четирипати од НАРСАД, двапати од Стенлиевата фондација за истражување на психијатриските заболувања, двапати од АФСП и многу пати од помали фондации. "Наградите значат дека нашите резултати се најзначајни или меѓу неколкуте најзначајни во светот за минатата годинааи, додава д-р Росоклија. >?Постапката е едноставна и логична. Се публикуваат научните откритија, се добива награда, по што следува грант и циклусот се повторувааи, објаснува проф. д-р Росоклија. http://217.16.70.245/?pBroj=1770&stID=35471&pR=3