9ти Мај 60 години победа над фашизмот
9ти Мај 60 години победа над фашизмот
Jakov 9ти Мај 60 години победа над фашизмот

*На денешен ден во 1945 година, неколку минути по полноќ и официјално заврши Втората Светска војна. Во војната учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96% од светското население.

Во виорот на војната загинаа околу 50 милиони лица, од кои 30 милиони цивили, а само во нацистичките логори беа убиени 12 милиони луѓе.

Актот за безусловна капитулација на Третиот рајх во име на Врховната германска команда го потпишаа фелдмаршалот Вилхем Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург, додека од страна на сојузниците своите потписи врз документот ги ставија рускиот маршал Георгиј Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Со овој чин заврши најстрашната војна во Европа, а нацистичка Германија која на 1 септември 1939 ја започна војната со нападот на Полска, престана формално да постои како оружена сила.

На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.


*Втората светска војна во Макеоднија започна во 1941 година и траеше до ноември 1944година. Македонските партизани во рамките на југословенската војска учествуваа во завршните операции за конечна победа на фашистичките сили на Балканот. Војните операции во кои се бореа македонските партизани траеа и после 9ти мај, во рамки на Сремскиот фронт.


*Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов изјави дека според податоците на Генералштабот на Руската армија, во Втората светска војна загинале вкупно 26 милиони и 600 илајди војници и граѓани на некогашниот СССР.

„Тоа е болна и страшна статистика и тоа е цената за нашата победа“, рече Иванов на синоќешната средба со руските воени ветерани по повод одбележувањето шест децении од победата над фашизмот.

Според Иванов, само загубите на советаката армија биле 8.668.400 луѓе, а санитетските загуби во кои се вклучени ранетите, болните и измрзнатите, се повеќе од 18 милиони луѓе.

Бројот на исчезнати во периодот 1941-1945 година е повеќе од над милиони, а на заробените 4.559.000 луѓе.

Сергеј Иванов ги презентира овие податоци, поради, како што рече, различните информации во медиумите за бројот на загинатите и ранетите во Втората светска војна.

The`bItCh do sega na tv gledav se, sekoja chest Lenin na chelo[^] a Bush zjapa ko seto to da e nekoja nauchna fantastika.. (bogami za nego i e[:D])
AaaAa Kolku za potsetuvanje, zoshto se odbelezuva tolku mnogu-- The total number of human beings who were killed during World War II may be as high as 70 million. Apparently the Nazi regime and its accomplices murdered 6 million European Jews and 3 million non-Jewish Poles were killed. Approximately 25 million Soviet soldiers and civilians were killed. Fifteen million Chinese lost their lives. Six million Germans, as many Japanese, and 2 million Yugoslavs perished.
V irginia
quote:
Originally posted by AaaAa
Kolku za potsetuvanje, zoshto se odbelezuva tolku mnogu-- The total number of human beings who were killed during World War II may be as high as 70 million. Apparently the Nazi regime and its accomplices murdered 6 million European Jews and 3 million non-Jewish Poles were killed. Approximately 25 million Soviet soldiers and civilians were killed. Fifteen million Chinese lost their lives. Six million Germans, as many Japanese, and 2 million Yugoslavs perished.
[:(][:(][:(][:(]
ozonce Utre vo holot na Gradskoto sobranie vo Negotino se otvara izlozba na fotografii od toa vreme, potoa na gradskiot ploshtad ke ima opshto-narodna :) veselba. Povelete na dobra zabava!
Jakov Со голема свечена воена парада на Црвениот плоштад во Москва денеска се заокружи централната свеченост по повод одбележувањето на 60-годишнината од победата над фашизмот. Грандиозната парада почна во 10 часот утрово по локално време, онака како што беше и парадата на 7 ноември 1941 година, на годишнината од Октомвриската револуција, од која руските војници заминале директно на фронт. Од трибините на Црвениот плоштад воената парада ја следеа повеќе од 8.000 луѓе, меѓу кои повеќе од 50 шефови на држави, влади и меѓународни организации, како и околу 2.500 воени ветерани. Уште 2.500 ветерани од победничката коалиција продефилираа на Црвениот плоштад во воени камиони и во 130 посебно за оваа пригода изработени огромни автомобили ЗИЛ, кабриолет верзија, што ги користеле највисоките советски партиски фунционери, како Леонид Брежњев и Јури Андропов. На парадата на која учествуваше и руското воено воздухопловство минаа и 7.000 руски војници. Рускиот претседател Владимир Путин во говорот на Црвениот плоштад од светот побара веќе никогаш да не дозволи нова Студена војна или некоја друга војна, а руско-германското помирување го нарече едно од најголемите постигнувања по Втората светска војна во Европа. Никогаш не ја делевме победата на своја и туѓа. Секогаш ќе ја паметиме помошта на сојузниците - САД, Велика Британија, Франција и другите од Антифашистичката коалиција, германските и италијанските антифашисти, рече Путин. По парадата лидерите заедно положија венец на споменикот на незнаениот јунак во подножјето на јужните ѕидини на Кремљ, во Александровската градина, каде се наоѓа споменикот и вечниот оган. Американскиот претседател Буш е првиот претседател на САД, кој присуствуваше на парадата на која го зазема почесното место до рускиот претседател Путин. Освен претседателите на земјите на Антифашистичката коалиција, на прославата присуствуваа и лидерите на Германија, Италија и Јапонија. На церемонијата присуствуваше и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. 9ти Мај 1945г. Берлин [img]http://9may.ru/images/normal/5457.JPG[/img] 9ти Мај 2005 Москва [img]http://mosnews.com/files/8236/parad.jpg[/img]
The`bItCh Ah.. da bev sega Moskva:))))))))
AaaAa Samo za bitch. Moskva [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/09ww_slide1.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/09ww_slide2.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/09ww_slide3.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/09ww_slide4.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/20050509_VEDAY1_650.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/20050509_VEDAY2_650.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/20050509_VEDAY3_650.jpg[/img] [img]http://graphics8.nytimes.com/images/2005/05/09/international/20050509_VEDAY5_650.jpg[/img]
The`bItCh fala Anush srce si[:I][:X][:X][:X]
angel И по сликиве јасно се гледа кој го дрма светов [:)][8)]
V irginia Moj dedo ucesnik 2-j svetskoj vojni , sega imat 90 godina. Sega gledam TV od Rusii .
V irginia [img]http://images.km.ru/news/sergio/foto/parad/06-1.jpg[/img] [img]http://images.km.ru/news/sergio/foto/vstrecha/24-1.jpg[/img]
ozonce Znaete shto me fascinira? Preciznosta, veke nikogash nema da kazam shvajcarski saat, tuku ruski saat, a za vojskata da ne zboruvame. Kaj nas se veli, sho si se picnal ko ruski vojnik. Sovrsheno!!!
AaaAa
quote:
Originally posted by angel
И по сликиве јасно се гледа кој го дрма светов [:)][8)]
Mene ne mi e jasno, de kazi koj go drma svetot angel?
beaver hunter a shto pravi zemjotresot?