Ova e zhalno! УБИСТВО HA ДАНИЕЛ
Ova e zhalno! УБИСТВО HA ДАНИЕЛ
dejan sekoja godina ima nekoja vest kako ovaa:((( http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=10184 ПО НЕДЕЛНОТО УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИКОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА КУМАНОВО Семејството нема пари да го погреба загинатото дете И ПОКРАЈ МНОГУ ЛОШИТЕ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ, МАЛИОТ ДАНИЕЛ, ВЕЛАТ РОДНИНИТЕ И ДРУГАРЧИЊАТА, ПО ПРИРОДА БИЛ МИРНО ДЕТЕ И ОДЛИЧЕН УЧЕНИК. НАЈСТАРАТА СЕСТРА НА ДАНИЕЛ, РОЗА, КАЈ КОЈА ТОЈ ВЧЕРА БИЛ НА ГОСТИ, ВЕЛИ ДЕКА ТРИТЕ МОМЧИЊА ПОСТОЈАНО ГО МАЛТРЕТИРАЛЕ БРАТ И`;, А ЗА ТОА ЗНАЕЛЕ И НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ И ПОЛИЦИЈАТА Дванаесетгодишниот Даниел Николовски, во неделата попладне загина во тепачка што се случи на улицата "27 Март", зад зградата на Општинскиот Црвен крст. Починал од пад по скалите на новата зграда "Простор". Тој, велат очевидци, паднал при обид да избега од четиринаесетгодишниот Д.А, единаесетгодишниот Б.А и од Х.А. (13). Тројцата малолетници го пресретнале и физички го нападнале, раскажува неговата две години помлада сестра, Тања, која била заедно со него. Тројцата братучеди продолжиле да го удираат момчето со нозе во главата, дури и откако паднал по скалите. Инаку, како што ни објасни неговата најстара сестра, Роза, каде што Даниел вчера бил на гости, тројцата братучеди постојано го напаѓале Даниел и неговите браќа, а за тоа знаеле и нивните родители и полицијата. Веднаш по убиството, на местото на настанот дошла екипа на Медицинскиот Центар и на Секторот за внатрешни работи. Лекарите констатирале дека момчето починало веднаш, од скршеници на вратните прешлени, а Истражниот судија наложил да биде извршена обдукција на телото на починатото дете. Инаку, малиот Даниел Николовски потекнува од сиромашно семејство, а неговите роднини и другарчиња велат дека и покрај многу лошите услови за живот, тој по природа бил мирно дете и одличен ученик. Неговата мајка, четириесет и петгодишната Становитка Николовска е самохрана мајка, која сама ги подига петте деца. Семејството живее во социјална барака со парична помош од околу 4000 денари. Животната приказна на Становитка еднаш веќе се најде на страниците на "Вечер". Тогаш пишувавме за нејзината хуманост и храброст да прифати уште една гладна уста во семејството, инвалидизирана жена, социјален случај, и покрај сета сиромаштија. По несреќното загинување на нејзиниот Даниел, Становитка не може да го плати погребот на синот, па сега сиромашното, но хумано семејство, бара помош од сите добронамерни кои сакаат да помогнат семејството Николовски достојно да го погреба Даниел.
ViennaBoy Dejan welcome to reality a za sluchajov: [:(][V][:(][V][:(][V][:(][V]
dejan pret nekolku godini, ova ne bese 'reality' vo makedonija! fala na vlasta sto ne donese vo 'zapad'
ViennaBoy
quote:
Originally posted by dejan
pret nekolku godini, ova ne bese 'reality' vo makedonija! fala na vlasta sto ne donese vo 'zapad'
siguren si deka ne beshe?? mozhda pred nekolku godini nemashe vo internet makedonski vesnici pa ne si chital. A ti kolku chesto odish vo Makedonija, shto si tolku siguren deka pred nekolku godini bilo "med i mleko" kaj nas???
dejan kazuvam, deka pret 2001 bese po mirno.
ViennaBoy
quote:
Originally posted by dejan
kazuvam, deka pret 2001 bese po mirno.
abe Dejan tekstot pishuva za tragichnata smrt na deteto od Kumanovo(lesna da mu e zemjata), za toa deka familijata nema pari da go zakopa, a vakvi raboti ja dolgo vreme slusham i pred 2001 imashe siromashni vo Makedonija i denes ima a sho e najtragishno i utre ke ima.
dejan ok.....