dejan |
Министерска "заборавеност", македонски бауч
Министерот за регионални работи на Италија, Енрико Ла Лоџа, кој престојуваше во посета на својот колега, министерот за локална самоуправа, Ризван Сулејмани, ги вознемири новинарите. На прес-конференцијата, одржана по средбата, тој неколку пати ја спомна федерализацијата, како тема на нивните разговори. "Разговаравме за проблемите на децентрализацијата и федерализацијата, како инструмент за засилување на демократијата", изјави Ла Лоџа, веднаш по изјавата на Сулејмани дека е разговарано само за проблемите на децентрализацијата и можностите за соработка. По очигледната вознемиреност и купот прашалници што лебдеа во воздухот, забуната ја разрешија министерот Сулејмани и портпаролот Ели Чакар, кои објаснија дека, италијанскиот министер, кој е всушност професор по Уставно право, при разговорите со нашиот министер малку се заборавил, па почнал надолго и нашироко да ги објаснува теоретските начини за спроведување на децентрализацијата. Меѓу европските примери, тој ги елаборирал и децентрализацијата со регионализација и со федерализација. Случајно или намерно, италијанскиот министер допре една македонска болна точка, на која очигледно сите во државава се чувствителни.
sto e sega?? |