Лекари злоупотребиле деца за порнографски фотограф | |
dejan | sik! ova e ftor pat sto citam nesto za 'pornografski fotografii' vo srbija!! ova ne e dobro, ic! ne daj boze da se pojavi nesto ovakvo vo makedonija!!! Дневениот весник "Блиц" открива голем скандал во едно белградско училиште Лекари злоупотребиле деца за порнографски фотографии На секое дете му било кажано да застане со раширени раце и нозе, лекарите му ставале кристална призма на предниот и задниот дел од телото, а потоа ги фотографирале со дигитален фотоапарат однапред и одзади. Тоа беше експерименталната "Би-дигитал-оринг тестти метод, наводно за рано откривање шеќерна болест, со која на учениците од ОУ "Јован Дучиќќи во Белград ги тестираа "лекаритееи од приватната ординација "Ецимми без одобрение на Министерството за здравство. Инспекторите во ординацијата "Ецимми во еден од компјутерите пронашле порнофилм, а во фотоапаратот слики на голо момче со патолошки измени на половиот орган, по што ординацијата е затворена. Случајот е проследен до Управата за спречување на организираниот криминал при МВР на Србија, со цел да се утврди дали станува збор за педофилија или за некое друго криминално дело. Родителите на фотографираните деца од ОУ "Јован Дучиќќи се сомневаат дека е можно е да станува збор за обид за трговија со деца. Сомневањето го поткрепуваат со тврдењето дека сите податоци за извршените прегледи и фотографиите на децата се наоѓаат во лап-топот на д-р Момир Дуњиќ, кој отпатува за Косово. (Според податоците на Обединети нации, Косово е најголемиот центар за трговија со луѓе во Европа). Сў почна, како што дознава "Блицци, кога професорот по физичко воспитание Бранимир Лековиќ на почетокот од април отишол кај директорката Бранка Шегрт со готов текст - барање до Министерството за образование да дозволи бесплатни превентивни прегледи на 1.000 ученици со методот БДОРТ со цел да се провери здравјето на децата. Директорката Шегрт, уверена дека методот не е штетен, го потпиша барањето Д-р Момир Дуњиќ на 21 април годинава дошол во училиштето и со директорката се договорил прегледите да почнат на 25 април. Екипа од шест лекари, Момир и Слободан Дуњиќ, Миодраг Станишиќ, Дубравка Мазуловиќ, Јелена Дубаиќ и Лидија Савиќ ги прегледаа учениците од осумте одделенија, така што еден лекар на предната и задната страна на телото им ставал стаклена призма, истовремено испружувајќи му ја другата рака и спојувајќи му ги палецот и показалецот, додека другиот лекар се обидувал да му ги раздвои прстите. Врз основа на отпорот ја проценувале заболеноста на органите на детето?! Потоа секое дете било интервјуирано. На крајот секое дете поединечно е фотографирано со дигитален апарат однапред и одзади со раширени раце и нозе. Тричлена инспекција извршила преглед во ординацијата "Ецимми при што е утврдено дека основачот на ординацијата Миодраг Станишиќ, кај себе ја немал дипломата за завршен Медицински факултет во Приштина, бидејќи од 1996 година, кога дипломирал, до денес, поради војната, но и поради тоа што тамошниот ректор не е признаен, дипломата немало кој да му ја потпише. Одговорноста за сите евентуални неправилности при здравствената контрола на учениците на кое било училиште ја сноси директорот и раководството на училиштето, велат во Министерството за образование и спорт. Истото важи и за ОУ "Јован Дучиќќи во кое по барање на училиштето е извршен тест врз учениците за дијабетес. Министерството за образование принципиелно дава согласност за проверка на здравјето на учениците, но одговорноста за постапката за спроведување на здравствена контрола ја сноси директорот и училишниот одбор. Поради жалбите на родителите дека тестирањето во ОУ "Јован Дучиќќи не е направено според пропис, Министерството за образование ќе испрати образовна инспекција која својот извештај ќе го даде на увид на јавноста, тврди Министерството. |
dejan | sik![V][xx(] СКАНДАЛОЗЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Порно-страница од Лос Анџелес врбува малолетници од Македонија "Ако имате повеќе од 14 години, без разлика на полот, Вие сте подготвени за секс и затоа можете слободно да се пријавите за упис во нашата секс-академија", е скандалозниот повик на извесна светска секс-академија, која врбува девојчиња и момчиња од Македонија. Регрутирањето се врши преку интернет-страницата на македонски јазик www.theworldsexacademy.com, на која може да се видат фотографии со разголени момчиња и девојчиња. Сопствениците на порно-страницата своите вистински намери ги затскриваат зад оглас објавен на македонската веб-страница www.oglasi.com.mk, во кој се бараат "атрактивни девојки, од 18-38 години, за работа во нудистички кампови во Бугарија, Грција и во Србија и Црна Гора како: собарки, шанкерки, келнерки, домаќинки, фризерки, масерки, чувари (спасувачки на плажа)". На заинтересираните им се нуди плата од 150 до 1.500 евра. Потрагата на "Дневник" покажа дека, и покрај тоа што е на македонски јазик, порно-страницата се прави и одржува во САД, поточно во Лос Анџелес. Од веб-страницата може да се дознае дека "работодавците" всушност нудат сосема поинакви услуги. Тие ги врбуваат малолетните девојки и момчиња за да ги научат на "тајните на сексот според светски стандарди". На успешните им ветуваат и секс-диплома. Посетата на страницата ни овозможи да дознаеме повеќе за "академијата" и за начинот на кој се регрутираат кандидатите. Сопствениците на страницата се под псевдоними, а со таканаречената управа на академија може да се стапи во контакт само преку Интернет. Во линкот "историја на академијата" се вели дека таа била основана во 1989 година, во Сплит. Основачи биле извесен Марио, 44-годишен Хрват, кој бил и идеен творец, неговата 29-годишна сопруга, по потекло од Словенија, заедно со Македонец, Србинка, Бугарка и Гркинка. "Уписот" се врши преку електронска пошта и со испраќање фотографии. Идентитетот и предиспозициите на кандидатите се проверува, по што, ако се утврди дека станува збор за вистински заинтересирани "студенти по секс", се контактира со нив. Тоа може да значи дека меѓународната група соработува со луѓе од Македонија. Посетителите на страницата што се зачленети добиваат пристап до рубриката "Македонски жешки девојки", во која имало повеќе од 16.000 илустрации со највисок квалитет. Цената за првиот семестар била 50 евра. "Управата на светската секс-академија" измислила и свои десет правила, на кои мора да се придржуваат регрутите за да дојдат до "диплома". Главните две се дека во академијата доброволно може да се зачленуваат поединци, двојки, тројки и поголеми групи за да ги изучуваат "секс-тајните од познати светски секс-учители" и дека "годините апсолутно не се важни". "Академијата" го вовела и таканаречениот кредит-трансфер систем, според кој, "многу лесно, по бројот на поминатите лекции, се знае кој(а) ученик(чка) до каде стигнал(а) со обуката". Според другите правила, кандидатите, за кои е задолжителен приемниот испит, не треба да имаат никакви предрасуди за сексот. Ги делат на две категории: со и без сексуално искуство. Образовниот процес, како и низ легалните институции, почнувал од основно училиште, во кое ќе се стекнеле со основно секс-образование. Класот бил составен од три девојки (или жени) и еден маж. Веднаш по завршување на "основното", секој ученик може да работи на формирањето на сопствен клас, а потоа и да формира свое секс-училиште. За "поамбициозните" следува секс-факултетот, а врв на едукацијата е светската секс-академија. За да им се "олесни" приемниот испит на кандидатите на веб-страницата е понудена "скрипта" од приемни лекции и пози. Посебен куриозитет е понудата на секс со помош на хипнотизер за најмалку вештите. Обуката е будно следена преку најразлични семинари, средби и полагања и под комплетен надзор на главниот учител во Академијата - Карло. Главни учители се извесен инструктор Милф и "искусната Аманда". За евентуалните проблеми и сугестии, на располагање на регрутите им е основачот Марио од Хрватска. |
angel | Болно [:(!] Бројам до три: еден, два, три.... не ми се коментира сега ваква болна тема. Секс академија => трагикомочно. Кој болен ум го смислил сето тоа. |
sisi | [quote]Originally posted by angel
Болно [:(!] Бројам до три: еден, два, три.... не ми се коментира сега ваква болна тема. Ne e bolna, UMOBOLNA e, no se dodeka ima ovci ke ima i gjemperi!Zalno ama vistinito.[:(!] |