Вооружени лица ослободиле затвореник од "Шутка" |
dejan |
vi rekov deka kosovari ke ni pravat problemi.
http://217.16.70.245/?pBroj=1774&stID=35762&pR=2
Спектакуларно бегство на притвореник од затворот во Шуто Оризари
Вооружени лица ослободиле затвореник од "Шутка"
Во спектакуларното бегство на Косовецот Рамадан Шити му помогнале две лица кои влегле со уредна дозвола
За време на бегството кога биле испукани неколку куршуми, еден од припадниците на службата за обезбедување на затворот доживеал шок: Истражниот затвор во Шуто Оризари
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Две лица, вооружени со пиштол, завчера, околу 15,30 часот, како во криминалистичките филмови, му помогнале на притворениот Косовец Рамадан Шити да побегне од Истражниот затвор "Скопјееи. На спектакуларното бегство на Шити, инаку еден од групата осомничени за разбојништво, односно за убиството на возачот во такси-компанијата "Ексклузивви, Зоран Трајковски, му претходела посета на двајцата помагачи. Тие со уредно потпишана дозвола издадена од истражен судија се упатиле кон затворот "Скопјееи во посета на Рамадан Шити.
На влезот во затворот во Шутка, двајцата засега непознати помагачи биле легитимирани и претресени, а дури потоа биле упатени во просторијата наменета за посети на притворени лица. Но, кога на средбата пристигнал затвореникот Шити, непознатите извадиле пиштол и со него започнале да им се закануваат на лицата задолжени за обезбедување. Притоа, напаѓачите испукале два куршума кои иако никого не погодиле, сепак, ги оневозможиле стражарите да дејствуваат. Извори од Истражниот затвор "Скопјееи потврдуваат дека во пресметката активно учествувал и притворениот Шити. Од извори од Истражниот затвор дознаваме дека еден од припадниците на службата за обезбедување доживеал шок.
По пресметката со стражарите, сите тројца ја напуштиле собата за посети и се дале во бегство. Постојат индиции кои укажуваат дека бегалецот и неговите двајца помагачи ги чекало возило и уште еден помагач. Се претпоставува дека Шити ќе се обиде илегално да ја премине државната граница и да побегне во Косово.
Затворскиот бегалец Рамадан Шити првично се товареше за убиство, но поради немање докази за него, Обвинителството одлучи да го товари за недозволено поседување огнено оружје и за извршено разбојништво. Настанот за кој Шити кривично одговара се случи на 30 септември минатата година во атарот на скопското село Визбегово. Тој и уште четири други лица беа осомничени за пукање во таксистот Зоран Трајковски, а осомничените сторителите беа уапсени само три дена по настанот. Инаку, апсењето се случи по случајна проверка на возилото во кое биле осомничените. Проверката се случила во населбата Чаир, а лицата кои биле во возилото дале отпор при апсењето. Како што тогаш информираше полицијата, отпорот уследил токму поради оружјето што тие го криеле во возилото, а дека со подоцнежните проверки се утврдило дека тие поседувале четири пиштоли, една маскирна униформа и верска литература.
Бегството на Рамадан Шити, по сў изгледа, било грижливо планирано. Имено, во Основниот суд Скопје 2 вчера продолжи судењето на групата која одговара за убиството на Трајковски. Пред Судски совет со кој претседава судијата Јани Нича сведочеа роднини на обвинетите Имер Риза, Шукри Алија и Абдула Абази. Според Јавното обвинителство, првите двајца се товарат за кривично дело убиство, а Адбула Абази и сега пребеганиот Рамадан Шити за недозволено поседување огнено оружје. За оваа група се верува дека во подолг временски период извршувала тешки разбојнички кражби во продавници и во бензински пумпи во поширокиот реон на населбата Чаир, како и тоа дека токму избеганиот Шити бил нејзин водач.
За бегството од затворот во Шутка контактиравме и со директорот на Истражниот затвор "Скопјееи, Златко Христовски, но ни беше одговорено дека сите релевантни информации сврзани за овој случај тие му ги предале во Министерството за правда. За бегството на Рамадан Шити, односно за техничката опременост на затворите, вчера свое видување даде и министерката за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска.
"Управата за извршување санкции преку своите инспектори ги презема сите дејства за утврдување на активностите од страна на вработените во затворот "Скопјееи за да се види дали се постапувало согласно со прописите, законите и подзаконските актиии, изјави Младеновска-Ѓоргиевска. Таа информираше дека вчера требало да се отвори тендерската документација за набавка на детекторски врати во затворите во кои има притворски одделенија.
|
dejan |
i vo druga vest....
sto mislat? deka se pret 500 godini pa odat protiv turcite, ova e preterano so ovakvi fantazii kako Age of Empires!!
Планинари и ловџии тврдат дека на повисоките предели во Тетовско забележале непознати лица
Вооружени групи се движат низ Шара
Најголема била групата кај Три Води, која броела дваесетина лица
ТЕТОВО - Во поширокиот реон кај Три Води, што се наоѓа на повисоките предели на Шара, над Теарце, на потегот помеѓу селата Сетоле и Ѓермо, како и над Брезно, почесто се гледаат вооружени банди со обраснати бради и вооружени со разно автоматско оружје, пред сў пешадиско. Најголема била групата кај Три Води. Броела дваесетина непознати лица, која најчесто се движела покрај коритото на реката Бистрица во месноста Мелово. Кога непознатите доаѓале од страната на Полог, главно биле со џипови, трактори и други тешки возила. Според регистарските таблички, најчесто биле со швајцарска регистрација, но и со косовска или без ознаки. По неколку пати во деноноќието, од правец на новоизграден објект со бетонски тули во Молово, но и од пошироката околина, можеле да се слушнат пукотници, детонации, рафали или единечни истрели. Се смета дека овие и вакви пукотници потекнуваат од активирање бомби, истрели од пушкомитралези, автоматски пушки и пиштоли. Оваа месност е под врвовите Чаушица и Казани, гранични со Косово, покрај кои минувале диви патеки кон едната или кон другата страна на границата. Освен објектот од бетонски тули, кај Три води имало подигнато уште три монтажни објекти. Од надлежните органи никој не потврдува дека се издавани дозволи за изградба. Претходните објекти кај Три Води беа опљачкани и разурнати за време на воениот конфликт во 2001 година.
Сите овие детали се кажувања на ловџии, планинари и други љубители на природата. Од нив се дознава дека имале лично прилика да видат како се движи група од дваесетина лица, но и средби со оружје. Од истите извори се дознава дека биле забележани и помали групи кои престојуваат на пониски локации. Велат дека на козјата патека помеѓу Сетоле и Ѓермо често била забележувана група од десетина лица. Некои тврдат дека лично го виделе меѓу нив и Даут Реџепи- Лека, што како сознание од официјалните органи во Тетово не се потврдува. За групата од пет-шест вооружени над селото Брезно се добиваат информации дека била и униформирана. Тие биле групирани околу извесен Ќемал и ги проверувале сите што доаѓале над Брезно. Некои ловџии имале и сериозни проблеми со нив, зашто им одзеле дел од ловечкото оружје, или се обидувале да им ги одземат ловечки пушки. Тие, наводно, биле †чувари на шумата°, за што во Шумската полиција во Тетово немаат добиено овластувања. Нашите извори тврдат дека тие се познати во уништување на најубавите стебла во шумите, кои ги продавале како огревно дрво. Шумата безмилосно ја уништувал и извесен Нафи, наречен Мафија, кому на услуга му стоеле неколку трактори што ги товарал со неконтролирано исечени дрвја на Шара.
Во тетовската полиција ниту потврдуваат ниту ги негираат овие информации. Нашите извори велат дека за сите овие состојби биле информирани претставниците на меѓународната заедница присутни во Тетово, ЕУ, †Проксима° и ОБСЕ, каде што не може да се добие никаква официјална информација.
|
трендафил |
Ова ми заличува на настаните од пред војната во 2001. Кога беше ослободен Џавид Хасани, а планинарите гледаа воени вежби на Шар Планина. Тогаш се зборуваше и за веење на албански знамиња, сега истите се веат и во Скопје, па изгледа се сметаат за нешто нормално и не се спомнуваат.
|
dejan |
nasata vlast e zasluzhena za toa sve, oni pravat vistinski cekori..... |
ProMKD |
Isto kako proslata nedela koga Armijata se povlece od Tetovskoto kale, crkvata bese demolirana istiot den. Sto razmisluva nasava vlada? Tolku ke bese tesko da se stacioniraat vojnici niz cela Sar Planina da osiguruvaat bezbednost na ne samo Tetovo, tuku CELA MAKEDONIJA. |
dejan |
nasata vlada vo opsto ne se sekira za Makedoncite..... |
toni_a |
quote: Originally posted by dejan
nasata vlada vo opsto ne se sekira za Makedoncite.....
a sto ke kazes za ova?
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2766&stID=55658
ДУИ го заштитила заменик-директорот Енвер Барди
Владејачката ДУИ не се согласила да биде сменет заменик-директорот на затворот, а Министерството за финансии било против да се вработат уште чувари во Шуто Оризари. Се шпекулираше дека Енвер Барди го помогнал бегството на притвореникот Рамадан Шити, кое било лесно изведено и поради малиот број чувари.
Во февруари годинава до Владата бил доставен предлог за разрешување на заменик-директорот Барди, зашто не ги исполнувал критериумите за функцијата. Но, партијата на Али Ахмети, чиј кадар е тој, не се согласила, дознава "Дневник". Се шпекулира дури и тоа дека тој им обезбедил оружје на двајцата што му овозможиле на затвореникот да избега.
Според извори на "Дневник", барањето за разрешување на Барди го поднела министерката за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, но таа одбива да потврди. Против Барди се водеа постапки во двата основни скопски суда за воени злосторства против цивили, сторени за време на конфликтот. Министерката уште во почетокот на годинава побарала и да се вработат уште дваесетина во чуварската служба на затворите, но Министерството за финансии го отфрлило барањето.
- Информацијата за бегството од истражниот затвор, која ја подготвува Управата за извршување на санкции во Министерството за правда, ќе биде на дневен ред на наредната владина седница. Вработени во затворот изјавиле дека двајцата помагачи при влезот во затворот не носеле оружје, туку само мобилен телефон. Ние ќе утврдиме дали вработените во затворот постапувале во согласност со законот, а кој е виновен за бегството на затвореникот, ќе утврди судот - рече Младеновска-Ѓорѓиевска.
На прашање дали таа и директорот на затворот чувствуваат морална одговорност, министерката рече:
- И јас и директорите на затворите постојано се жалиме на недоволниот број вработени и на слабата техничка опременост. Во истражниот затвор во една смена има по 10 луѓе во чуварската служба, што е недоволно. Побаравме пренасочување на вработени од МВР и од одбрана во затворите. Но, иако платите на затворските чувари се зголемени за околу 20 отсто, тие се помали од оние во МВР и во одбрана, па никој не сака да премине на работа во затворите. Побаравме и вработувања во судската полиција, па се надевам дека Владата овој пат ќе има разбирање за проблемот.
Според министерката, коинциденција е што во исто време се случило бегството од затворот и отворањето на тендерската документација за детекторските врати во истражниот затвор. |
dejan |
[:(!]!
nisto cudno[:(!] Normalno DUI nema da se soglasuva!!
dobro sto meri barem pravi nesto |