Tetovo, Gostivar
Tetovo, Gostivar
ozonce inspiriran od pokanata na Boban do bliznak za odenje na gosti vo Tetovo, razmusluvav za posetana ovie gradovi. Imam prijatel od Gostivar koj nekolku pari ima ideno kaj mene na gosti, a jas na nitu edna negova pokana ne odgovoriv ili ne go posetiv vo Gostivar. Imav cimer od Gostivar koj isto taka go nemam posetono vo Gostivar. Mojot izgovor za toa beshe deka tamu ne e bezbedno i navistina imav strav da zaminam vo tie gradovi. Sum bil samo na pominuvanje i sum chustvuval nekoja zmijchka u stomak. Sinoka duri sonuvav eden takov son pominuvajki niz Tetvo...
Ova doprinese da izgubam kontakti so ovie luge od Gostivar i mozebi nikogash poveke da ne se vidime (ne daj Boze)

Bi sakal da se prokomentira za ova od strana na chlenovite koi se od ovie dva grada... Dali ima luge od strana koi gi posetuvaat Tetovo i Gostivar, doagaat na izleguvanje, se zabavuvaat ...
slasa ozon sto relacija ke prajs bre gostivar tetovo - tetovo gostivar
dejan go sakam imeto 'gostivar' gosti-var[:D]
The`bItCh
quote:
Originally posted by ozonce definitivno ke odam vo Gostivar i ke obrnam vnimane na ploshtadot. :)
идаш утре со мене!?[:D]
ozonce
quote:
Originally posted by The`bItCh
идаш утре со мене!?[:D]
Aj ma ne zezaj, ne ti e sram, nemozam, vojska sum.
quote:
Originally posted by StormAngel
i ke se sretneme
Ne e problem, no ova ke go odlozime za nekoj drug vikend, odam naredniot za Stumica ima forum za decentralizacija :( slasa Tetovo vo nekoja naredna prilika :)
AaaAa
quote:
Originally posted by јузер
Во Струга знам е така, еден македонски кафиќ, до него албански, па пак македонски, па пак албански наредени еден до друг. И стружаниве си знаат кај да отидат. А нас туристите на прв поглед се ни е исто, и многу пати имам "згрешено". Освен по музиката (ако е албанска) по друго тешко може да најдеш разлика.
Jas letovo (oktomvri t.e.)bev Struga, i sedev na peceno pile vo isklucivo Albanska naselba, vo Albanska kafeana vo 1 casot nautro--drustvo od 7 makedonci. Kafanata bese cista birtija ostanata od komunizmot, so gumenive carsavi na masa i konobar u crno bela uniforma obleana so mast. No ne preuvelicuvam koga ke kazam deka vo zivot podobro usluzena ne sum bila. Deckoto ni prijde i prozbore na Albanski, koga mu odgovorivme na makedonski ne pokaza nikakvo iznenaduvanje. Jadenjeto bese zakon, pepeljara mi se menjase posle sekoja cigara, casava ne ostana prazna vo nieden moment. Na krajot dezert i kafe (iako izrecito nekolku pati rekovme ne) bese na smetka na gazdata, koj izleze da se pozdravi i naprai nekolku reda muabet so nas, i ni kazuvase za denovite koga toj sluzel vojska vo stipskata kasarna i za negovite stipski prijateli. Na isprakjanje ne isprati do kola i ne natera da mu vetime deka na slednoto nase idenje definitivno da zastaneme povtorno--togash vecerata ke bila na negov racun. Zaklucok, podelbi ima--ama toa nie se delime. Ako e Albanska kafeana ili kafic, nikade ne veli zabranet vlez za Makedonci i obratno, i se somnevam, posebno vo Struga deka ikoj ikogash bi ti naprail incident--lugjevo si teraat biznis. Edino ako ne e mafijasko zbiraliste, ama takvi ima i vo Stip, ako si pogresnata faca (posebno ako si skopski) :) bolje ti e da ne se ni obiduvash da vlezes.
Strelec Jas imav mnogu slichno iskustvo koga vo Debar so moeto semejstvo vlegovme vo edna 'albanska' kafeana i pominavme rechisi dva saati so toa shto celo vreme okolu nas sedea iskluchivo Albanci. E sega, toa beshe pred nekoi si 5-6 godini... Koga go postaviv pogore prashanjeto, tokmu toa me interesirashe... Dali vo megjuvreme situacijata e izmeneta? A seushte se sekjavam deka (pokraj toa shto uslugata beshe epten domakjinska) na kraj gazdata zaedno so sinot nasmeani ne' ispratija do avtomobilot! Imavme chuvstvo deka mnogu ni se izraduvaa i tokmu zatoa shto bevme Makedonci!
ozonce Iskreno sum iznenaden od odgovorite, mojot sleden soloboden vikend ke go planiram za Gostivar kaj moite prijateli. Ochekuvam dobra zabava vo Gostivar.
dejan jas bi sakal da otidam vo gostivar....licuva kako ubav grad.
The`bItCh
quote:
Originally posted by ozonce Mojot izgovor za toa beshe deka tamu ne e bezbedno i navistina imav strav da zaminam vo tie gradovi.
Јас бев Гостивар пред некој месец.. требаше да се видам со еден другар (ако прочита ќе се препознае[;)]) беше негде 23:30 сама се шеткав низ улиците на Гостивар и никој ништо не ми направи:)) неколку пати сретнав и албанци не ме ни погледнаа а камо ли нешто повеќе:)) Очигледно е дека тебе стравот ти останал од тогаш.. можам само да кажам дека безбедно е во Гостивар[^] (во Тетово не сум била сега брзо)[:)]
јузер И за искачање, има ли подвоеност на македонски и албански места, кафиќи, дискотеки, или нема такви предрасуди?
Thief До 2001 јас се чудев каде излегуваат Албанците, немаше кафулиња или дел од градот кадешто беа „тие“, за разлика од „нас“. По 2001 има тенденција да „никнуваат“ такви местенца по булеварот Маршал Тито (што убаво именце, нели?! :)). Апсолутно се поделени кафулињата на „македонски“ и „албански“. Дури и се знае во кој дел чие кафуле може да се отвори, иако, велам, во последно време се едни покрај други. Спрочем, така и се живее - едни покрај други, а не едни со други. Нормално е да отидам со некое пријателче Албанец во „албански“ кафиќ или тој да дојде во „македонски“, да отидам на вечера во „албански“ ресторан, нема никаков проблем, но префиксите („наши“ и „нивни“) си ги носат!
јузер Во Струга знам е така, еден македонски кафиќ, до него албански, па пак македонски, па пак албански наредени еден до друг. И стружаниве си знаат кај да отидат. А нас туристите на прв поглед се ни е исто, и многу пати имам "згрешено". Освен по музиката (ако е албанска) по друго тешко може да најдеш разлика.
Strelec Ima edna druga rabota, shto mnogu povekje me interesira... Shto kje se sluchi dokolku Makedonci otidat (i ja pominat cela vecher) vo 'albansko' kafule, ili Albanci vlezat (i ja presedat cela vecher) vo 'makedonsko' kafule (ili restoran)? Ili na primer juzer so svoeto drugshtvo vlegle vo 'albanski' objekt, ili DonVito so nekolku drugi Albanci vlegle vo 'makedonski' objekt? Dali kje bidat usluzheni korektno? Dali od strana na drugite gosti kje bidat gledani so prezir, ili (skraja da e) kje im se upati mozhebi i nekoja zakana? Zoshto gi prashuvam ovie raboti? Dokolku imam svoja kafeana i sluchajno dojdat gosti od Italija, kje bidam posebno motiviran da gi usluzham ubavo, kje se obidam da najdam i italijaanska muzika itn. Mene toku takvo neshto mi se sluchilo i vo Srbija i vo Grcija! Me interesira, kolku sme vo Makedonija daleku od takov tretman kon 'tugji' gosti? Mozhe li realno da se ochekuva takvo neshto i vo ugostitelskite objekti vo Zapadna Makedonija?
Thief Не знам... ќе се обидам да дадам еден личен пример: една вечер супер си поминав со еден мој драг пријател и татко ми во еден албански ресторан кој е ексклузивен и служат супер италијанска храна. Дури и повеќе „салтанати“ ни направија и не` служеа дури и со поголемо внимание од останатите. Се растрчаа, веднаш најдоа македонско мени, газдата не` испрати на крај (велат, готвачот негов му подготвувал јадење неколкупати на Павароти! Јас да не одам да се насладувам на специјалитетите, само затоа што е Албанец?! Мене тоа ми е парадокс и глупост невидена!). Исто ми се случило во македонски ресторани - да наидам на Албанци. Се погодивме во Бела Миа со Чомовски баш и коментиравме како во еден од најубавите македонски ресторани, чиј газда е Србин (!), на другата маса седат две момчиња и две девојки, Албанци, испија по едно сокче и си отидоа (нормално, ние си се замезивме „Лесковачки роштиљ“;)). Постар Албанец и Албанка си седеа во ресторанот „Принц“ на Спортскиот центар и немаше никаков проблем. Ама, поинаков е третманот кога во некој поексклузивен (екслузивен, во смисла, доаѓаат луѓе кои сакаат да уживаат) ресторан ќе се најдете со посериозни луѓе (посериозни по години мислам, кои немаат ниет да прават бељи). Не сум сигурен што би се случило кога во петок навечер група Албанци би влегле во македонско кафуле или обратно, Македонци во албанско. Мислам дека би било сфатено тоа како провокација и би „пукнал“ инцидент... Низ тие, како што грубо знам да ги наречам, две македонски улици „корзо“, кога има најмногу луѓе, не сум забележал Албанци. Можеби не би се случило ништо, но си се држиме на дистанца, секогаш може да се најде некоја будала која ќе направи инцидент заради кој сите нас утредента би не` болела глава. Сфаќам што сакаш да кажеш, мене среде Бања Лука ми се случи цела вечер да ми свири македонска музика, ама тоа нема да го доживееш во Македонија, ако мислиш дека ќе пуштат албанска песна, зашто сум дошол со гости Албанци... Не само во Тетово, туку - никаде! Едноставно, си се затвораме во нашите мали гетоа и со живееме во паралелни светови. БЛиску сме едни до други, ама поделени ни се дури и улиците... Се разбира, од 2001 наваму, пак ќе речам, се појавија и се множат албанските локали, нивната тенденција е да се прожират и им се зголемува бројот (буквално од нула, стигнаат да бидат на најпрестижни локации), а „македонската“ тенденција е status quo.
The`bItCh па и убав град е[:)] закон им е плоштадот[:D] ozonce, ако стварно одиш те молам обрни внимание на него!:)))))))))
Thief За разлика од Тетово, Гостивар е паланка, касаба обична. Додуша, градското јадро го чинат повеќе Турци, па знае да биде поеснафски на тој план.
ozonce Okolinata okolu ovie dva grada e najprekrasnata vo Makedonija. Ona shto e vo centrite na graovite e delo na tie shto ziveat vo nego. Boban ona esnafski ti e dobro epten etno :), definitivno ke odam vo Gostivar i ke obrnam vnimane na ploshtadot. :)
StormAngel ozonce, prati mi privatna poraka. ke ti go dadam brojot, i ke se sretneme Seto ova, normalno ako sakas.[;)]
AaaAa
quote:
Originally posted by Strelec
(oktomvri t.e.) Ako se smenilo neshto od Oktomvri....
Strelec OK... Zabelezhav jas ushte vednash deka tvojot primer e mnogu posvezh... No, sepak prashav od prichina shto (otkako sum izlezen od Makedonija) navistina chitam i slusham mnogu loshi raboti, pa bi mi bilo drago da prochitam i drugi pozitivni razmisluvanja vo vrska so ova!
Thief Да се разбереме, 2001 НЕ СМЕЕ да се заборави и покрај мојот деклариран пацифизам и желбата за соживот. Нормално е дека довербата е помала, кога наеднаш се случи соседот да пука на сосед, а до вчерата супер живееле (или не?)...
ozonce Можеби довербата е помала, но интелектуалната свест е на повиско ниво, расте бројот на интелектуалци од албанската популација и тоа е единствената надеж за Македонија во меѓу етнича конотација.
Thief Не сум сигурен дали навистина расте бројот на интелектуалците... Ако „штанцањето“ дипломи на шапилограф на Тетовскиот универзитет создава интелектуалци, тогаш - пеки, се множат. Но, да се вратиме на темата, мислам дека забегавме во политика... Виновен сум! :(