Ќе биде ли Штип повторно регионален образовен цент | |
dejan | Ќе биде ли Штип повторно регионален образовен центар? 15.05.2005 26-годишната потреба за хомоген образовен развој на државно ниво на Штип повторно му го враќа приматот регионален образовен центар. Ова е насушна потреба, сметаат професорите на двата штипски факултети, пред чии очи се случува масовен одлив на македонски студенти. „Св.Кирил и Методиј во својата развојна програма има предвидено дисперзија на студиски програми во истопчна и централна Македонија, се со цел развој на регионот, хомоген развој на државата и приближување на студиските програми за студентите“, изјави Тодор Делипетров, универзитетски професор. „Добивме поддршка од скоро сите декани на факултетите при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, така да се надеваме дека со помош пред се на локалната самоуправа, која треба да обезбеди соодветни предуслови за отпочнување на реализација на овој проект, успешно и ќе го доведеме до крај“, рече Благој Голомеов, универзитетски професор. Само во последните 8 години 6.400 студенти, наместо на македонските универзитети, со академска наобразба се стекнуваат во соседна Бугарија. Таму плаќаат повисока цена, а најдобрите не се враќаат во родниот крај. На ваков начин речиси 20% од студентската популација од Македонија се одлеала во Бугарија. Поради ова, раководството на Рударскиот Факултет, потпомогнато од Министерството за образование и професорите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, го стимулираат развојот на високото образование преку дисперзија на студиите по правни, економски и медицински науки, кои од Скопје делумно ќе се дислоцираат во централно-источниот регион, поточно во Штип. zosto mnogu makedonski studenti odat vo bugarija da ucat?? po eftino li e tamu?? ama pisuva deka cenata e povisoka....lesno e?? ili se priznava Bugarskiot fakultet niz svetot??? naj dobrite, za zhal ne se vrakjat, ova ne e dobro....mozat nesto da napravat za makedonija, za idnata generacija...barem jas taka mislam. |
AaaAa | Pa redno vreme e istocna Makedonija da dobie univerzitetski grad. Rudarsko-Geoloskiot fakultet e strasno soliden, uste da se suzbie korupcijata tamu i na pedakoskiot mozda i ke prkne neshto, a i da se otvori uste nekoj ke bide lepota. Dejan, vo Bugarija odat poradi podobri uslovi, polesen upis, priznata diploma i sansa da se letne nadvor--pomala korupcija i maltretiranje isto taka. |
ozonce | Ke bide! Ministerot moze da kreke kolku mu dusha saka, no ke bide! |
a-pin-dim | Kako so znam vo plan je da se otvori i medecinski fakultet. Veke se planira da se otvori 5 godini, poslednata godina ja krena Zan Mitrev, ali vladata ne mu dozvoli. Toa e toa. |
toni_a | INFO ZA DEJAN: vo bugarija mnogu polesno se zavrsuva! inaku site bugari idat u stranstvo da ucat posto diplomite ne se mnogu priznati.sekoja diploma se priznava vo stranstvo,pa i makedonskata ama samo za ponatamosno ucenje (doktorska,praksi itn.) nikoj ne ti ja priznava tuku,taka i da pocnes direktno so rabota. vidi samo kolku se kiriite vo skopje i ke ti stane jasno. poeftino e, duri i bez problem moze za 2000 do 5000 leva da se kupi diploma vo zavisnost sto sakas da zavrsis. druga rabota e sto kaj nas(MK) nema tolku smerovi na fax. ima mnogu bugari vo germanija sto studirale i ne zemale ni eden ispit,pa ostanuvaat so studenskata viza i rabotat,a vo BG se zapisuvaat vonredno na fakultet i bez problem zavrsuvaat.idat 2pati godisno i gi zimaat site ispiti bez problem. licno poznavam eden bugarin sto vo bugarija pocnal da uci i zemal nekolku ispita megu koi i visa matematika 1 i 2. koga dojde tuka(GER) ne mu gi priznaa ispitite i na ispitot tuka(GER) po matematika imase 0 poeni. na nekoi drugi im gi priznavaat,ama sekogas e razlicno i zavisi od mnogu raboti. sega ne se site takvi trubi,imaat i dobri naucnici no kako sto kazav razlicno e i zavisi od mnogu raboti. (inace,fakultetite po isorija vo bugarija se najlosite vo svetot[:)]) razlikata,za zal, e taa sto vo bugarija vo momentov tie sto zavrsile imaat podobra moznost za internacionalna realizacija (sto mislis im se ostanuva vo BG koga site bugari begaat?) uste eden fakt e deka vo BG u moment ima sansi za vrabotuvanje,kaj nas(MK) e potesko (osven ako si albanec).ima rabota vo bugarija zatoa sto nema mladi luge(site se u stranstvo).platite im se gore-dolu kako nasite(MK) duri i pomali,ama toj so diploma sto da prai?da se vrati u makedonija i da sedi doma bez rabota,ili da vozi taksi?tamu barem kolku-tolku ke prai nesto,nema da trosi pari od roditelite (koi najcesto edvaj krpat za da preziveat) i ke se nadeva na podobra idnina. toa e i pricinata zasto se zimaat BG-pasosi,da se naceka moment i da se zamine nekade. toa e poentata. |
AaaAa | ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ Ќе се отвора државен универзитет во Штип? Премиерот, министерот за образование и ректорот на скопскиот универзитет неделава ќе оценат дали е економски исплатлива идејата за нов универзитет Идејата на неколку скопски факултети да отворат високообразовни единици во источниот дел од земјава најверојатно ќе резултира во државен универзитет во Штип кој ќе се вика "Гоце Делчев", дознава "Дневник". Владата била позаинтересирана за формирање универзитет отколку за дисперзирани факултети, со образложение дека тоа ќе биде економски поисплатливо. Владината одлука не е конечна зашто се чека мислење од Интеруниверзитетска конференција во која членуваат сите високообразовни институции. Дознаваме дека неделава треба да се сретнат премиерот Владо Бучковски, министерот за образование Азиз Положани и ректорот на скопскиот универзитет Ѓорѓи Мартиновски за да оценат која идеја е поприфатлива. - Бараме дисперзирани факултети кои ќе бидат од јавен интерес. Чекаме мислење на универзитетите. Ако не може да се усогласат, ние ќе го донесеме конечното решение - велат високи владини претставници. Економскиот, Медицинскиот, Земјоделскиот, Машинскиот и Електротехничкиот факултет од Скопје се високообразовните институции кои се заинтересирани да отворат свои единици во Штип, Радовиш, Прилеп, Струмица, Гевгелија и во Велес. Дознаваме дека и Правниот факултет требало да отвори свои единици, но се повлекол со образложение дека засега не е подготвен да се шири низ земјава. Дел од професорите ја застапуваат идејата за дисперзија со образложение дека ќе биде поевтино школувањето на студентите кои од внатрешноста на земјава. - Поради скапиот живот во Скопје многу од студентите заминуваат во соседните земји и во странство во потрага по поевтин живот и школување. Со отворањето на дисперзирачки паралелки од факултетите во Скопје во други градови, ќе се спречи одливот на мозоци, а ќе се развијат и другите градови во земјава, а не само Скопје - сметаат на Земјоделскиот факултет. Во Министерството за образование велат дека Владата ќе инсистира во источна Македонија да се отворат образовни единици кои ќе бидат соодветни на потребите на регионот. - Дисперзираните факултети сигурно ќе прераснат во универзитет. Не треба да се дозволи таму да се отворат исти студиски програми како и во Скопје. Не е неопходно Медицинскиот факултет да се шири. Ниту пак, студии по економски менаџмент. Во Источна Македонија треба да се шири на пример, Земјоделскиот факултет зашто во Струмица и во Кочани има институти кои го развиваат токму тој сектор. Нема да дозволиме факултетите да се дисперзираат заради личен профит на некои професори - велат во ресорот. Љубица Гроздановска |
a-pin-dim | Od glavni izvori Vo Opstinata Stip se gleda lokalitet za Dva fakulteti od koj i dvata se znajat, edniot ke bide Praven Fakultet a drugiot Medecinski Fakultet. |
AaaAa | Eeee Super Dime, ke te zapiseme na Medecinski eden doktor ke te napravime, da vidish Space kako ke te zasaka odma... |
AaaAa | ДИСПЕРЗИЈА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Штип и Струмица со 570 нови студенти На студиските програми на Економскиот факултет во прва година во Штип ќе може да се запишат 300 студенти, на дисперзираните студии на Правниот факултет 200 бруцоши, на студиската програма на Медицинскиот факултет 20 студенти, а на студиските програми на Земјоделскиот факултет во Струмица 50 студенти, реши Владата. За дисперзијата на студиите од скопскиот универзитет во Штип и во Струмица вчера разговараа премиерот Владо Бучковски и заменик-министерот за образование Тале Герамитчиоски со ректорот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" Ѓорги Мартиновски и со деканите на Економскиот, Правниот, Медицинскиот и на Земјоделскиот факултет. Во Штип ќе се дисперзираат студиски програми на Економскиот факултет за менаџмент, финансиски менаџмент, сметководство и ревизија, правни студии, студиите за стручни медицински сестри од Медицински факултет, а во Струмица градинарско-цвеќарската насока од Земјоделскиот факултет. Според премиерот Бучковски, причина за дисперзија на дел од студиските програми на скопскиот Универзитет е зголемениот интерес на студентите од Источна Македонија и недоволните капацитети за сместување на студентите во Скопје. Владата на тој начин сака да го спречи и одливот на студентите во странство, а за тоа ја има поддршката од 18 градоначалници од Источна Македонија. Според премиерот Бучковски, дисперзијата ќе нуди профили што треба економски да ги зајакнат тие региони и да ја зајакнат социјалната димензија во високото образование. Одлуката е поддржана од Ректорската управа на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" и од локалната самоуправа на 18 градаод Источна Македонија. Студиските програми ќе се финансираат од буџетот, а наставата на дисперзираните студиски програми ќе се одвива на двата факултета во Штип и на Институтот за јужноземјоделски култури во Струмица. |