Натпревар и забава на ролери
Натпревар и забава на ролери
dejan ПРВА СКОПСКА РОЛЕРИЈАДА

Натпревар и забава на ролери

Над 600 учесници вчера беа дел од Првата скопска ролеријада што се одржа точно напладне на улиците на нашата метропола. На манифестацијата за која организаторите, "Перформанс" и "Екстрем спорт ивент", се надеваат дека ќе стане традиција, учествуваа натпреварувачи од седум до 77 години, за кои беа обезбедени многу награди од голем број спонзори, како и од генералниот спонзор "Рексона". - Целта на трката е пред се дружење и забава, но и градење на овој спорт. Од друга страна, стоте денари што секој од пријавените учесниците ги донираше за да добие право на учество во трката, ќе бидат наменети за изградба на скејт парк, кој навистина му недостасува на нашиот град, изјави Тони Митев, еден од организаторите на овој настан. Првото место на Градската трка, која започна од пред Фонтаната во Градскиот парк и на која учесниците беа над 14-годишна возраст, го освои Иван Бачовски, кој патеката од три километри ја помина за пет минути и осум секунди. Тој освен медалот доби и патување во Турција, како и вредносен бон од 14 000 од британската амбасада во Македонија. Од девојките најдобра беше Ивана Јовановска, за која исто така беа обезбедени вредни награди. Најдобар претставник во конкуренција на младите до 14 години , за кои трасата изнесуваше еден километар, беше Ана Ангелова, а наградени беа и второ и трето пласираните учесници. Главниот настан се одвиваше на бината пред кафе барот "Тренд", каде што беше извршено прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, а целата програма беше збогатена со музички точки од нашите познати пејачи.
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=10828

dali nekoj tuka se trkal?
dejan [img]http://217.16.70.245/izdanija/1783/25045.jpg[/img]
SpaceLily Nikoj ne padnal da skrshit nesho?:)))
OooOo
quote:
Originally posted by SpaceLily
Nikoj ne padnal da skrshit nesho?:)))
Pa ne se toa Ohrigjani za da pagjaat ;(
dejan ayyy, vidi ja ti[:D]