"Сите сме нивни деца" | |
AaaAa | ЗАДУТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНА Хуманитарен концерт "Сите сме нивни деца" Дарио, Тоше, Тамара, Биба, Кристина Арнаудова, Александар Митевски и Бени Шакири задутре, во 20 часот во Универзалната сала, ќе пејат на хуманитарниот концерт "Сите сме нивни деца". Неделниот концерт е дел од кампањата на "Космофон" и "Црвен крст", за помош на старите лица во Македонија. Изведувачите премиерно во живо ќе ја изведат песната "Сите сме нивни деца", која, заедно со видео спотот веќе неколку недели се врти на електронските медиуми. Лицата од домовите за стари, во холот на Универзална ќе импровизираат пунктови за продажба на нивни рачно изработени сувенири. Ракотворбите ќе се продаваат за симболична цена, а средствата се наменети за кампањата. Сите пејачи ќе пејат во живо, со придружен бенд. Специјални гости се балетското студио "Еурека". Билетите се по цена од 300 денари. (М.Џ.) |
MAFI | steta..takvo nesto ne treba nikat da zavrsi |
n/a | Фино од етичка страна, ама глупости во пракса. Единствени гости ќе бидатр вработените од медиумите и Мобимак кои добиле гага карти. |
ProMKD | Треба повеќе вакви работи да се организираат, и да се РЕКЛАМИРААТ, иначе луѓето од каде ќе знаат кога се одржуваат овие работи?? |
AaaAa | Заврши кампањата Сите сме нивни деца [img]http://mmm.com.mk/sliki/sitesmenivnideca2.jpg[/img] Вчера во скопското кафуле Тренд, со прес-конференција финишираше хуманитарната мисија на Црвениот Крст на Град Скопје, Космофон и Њу Момент - Сите сме нивни деца - Да им помогнеме на старите лица. Во знак на благодарност, Црвениот Крст на Град Скопје и Космофон, на сите кои учествуваа во оваа кампања, или кои несебично ја помогнаа, им доделија плакети. На 5. мај 2005., со промоција на наменска песна и видео-спот, Црвениот Крст на Град Скопје, Космофон и Њу Момент ја започнаа кампањата под мотото Сите сме нивни деца - Да им помогнеме на старите лица. Кампањата предвидуваше повеќе начини за донирање:преку СМС или повик на специјалниот број 075 140 100 за сите корисници на Космофон, со уплата на жиро-сметката на солидарноста, директно или преку специјалните ваучери кои беа дистрибуирани од активистите на Црвениот Крст, со купување на CD со песната Сите сме нивни деца и со купување на билети за хуманитарниот коцерт кој се одржа на 29. мај во Универзалната сала во Скопје. [img]http://mmm.com.mk/Sliki/sitesmenivnideca1.jpg[/img] Во текот на кампањата, врз основа на неколкуте начини за донирање, собрани се 962.600,00 денари. Сите средства собрани од оваа кампања се наменети за подобрување на условите во домовите за стари лица во Македонија: Мајка Тереза - Злокуќани во Скопје, СјуРајдер - стар објект во Битола, Киро Крстевски -Платник во Прилеп и Зафир Сајто во Куманово. Кампањата ја поддржаа низа медиуми, институции, продукции и поединци: МПМ (Вест, Утрински Весник, Дневник), Вечер, Нова Македонија, Буба Мара, Фортуна, Антена 5, Сити радио, А1, Сител, Телма, Канал 5, МС Телевизија, ОН НЕТ, Македонска Музичка Мрежа, продукција К-15, Акцент Медиа, Еуролинија, продукција Аксон, Универзална сала, Драмски Театар, детското балетско студио Еурека, дедо Ацо и баба Лепа (актерите од видео спотот) и нашите музички ѕвезди - Тоше Проески, Дарио, Тамара, Бени Шаќири, Александар Митевски, Биба Додева, Маја Гроздановска - Панчева и Кристина Арнаудова, на кои Црвениот Крст на Град Скопје и Космофон, во знак на благодарност, им додели плакети. Во изминатиот месец Сите сме нивни деца стана препознатлив бренд и ја разбуди свеста за грижата кон старите сместени во домовите за стари лица. Покрај финансиската придобивка, со својата единствена порака Да им помогнеме на старите лица, кампањата Сите сме нивни деца го сврте интересот на целата јавност кон една општествена категорија која до сега не била во фокусот на вниманието. |