Dali vo MK se mestat nevini lujge??
Dali vo MK se mestat nevini lujge??
Great_Macedonian Povejketo od nas veruvaat deka rastanski lozja e namestena rabota, za da se piknat nevini lujge vo zatvor. Obvinetite 'kumanovski bombasi' bombasi tvrdat deka tokmu i tie bile namesteni isto kako lujgeto koj bea obvineti za rastanski lozja. Dali vo makedonija se mestat nevini lujge za da mozat vistinskite kriminalci slobodno da pravat sto sakaat!? ---------------------------------------------------------- Случајот е наместен исто како оној за „Раштански Лозја“ Случајот со експлозиите во центарот на Куманово во март лани е наместен од Управата за безбедност и контраразузнавање, на чело со Зоран Верушевски, исто како случајот „Раштански Лозја“, изјави Авдиљ Јакупи - Чакала на вчерашното судење во кумановскиот суд. Тој е првообвинет за експлозиите, заедно со Џемаил Хисени, алијас Џејми Шеј, и професорот Агим Бељули. Овие тројца веќе се осудени на по 7 години затвор за тероризам, но по нивно барање судот реши да има ново судење. - Случаите „Сопот“ и „Куманово“ се монтирани за да се манипулира македонската јавност и да се направи рамнотежа со случајот „Раштански Лозја“, во кој неправедно се обвинети Македонци. Сите случаи се монтирани од Зоран Верушевски, кој тогаш беше директор на УБК. Авни Ајети сум го видел еднаш во кафулето „Милано“ во Куманово, каде што седеше со еден другар. Тој ми рече дека е контраразузнавач. Тврдам дека во времето на настанот во март бев во Пеќка бања на лекување. Бројот на мобилниот телефон со кој наводно сум го активирал експлозивот и ден-денес е кај Фадиљ Аземи - рече Чакала. - Кога се случија експлозиите, јас живеев на Косово. Тврдам дека ниту сум бил некојси командант, како што ме направија медиумите, особено телевизијата „Сител“ - рече Џемаил Хисени, наречен Џејми Шеј. Тој додаде дека за време на воените дејства тој бил во Лојане, каде што немало воени дејства. - Авни Ајети првпат го сретнав во затворот во Идризово, кога го прашав како ме навел мене на тој список. Тој ми одговори дека бил многу тепан и малтретиран, му ставиле пред него неколку фотографии, по што го терале да ја покаже мојата фотографија. Исто така на лист хартија му било и напишано што да зборува - рече Хисени. Агим Бељули, третообвинетиот, се колнеше во своите најмили дека е невин. За обвинението тој прочитал во весник и мислел се работи за грешка, бидејќи тој, како интелектуалец, професор и судски преведувач, во животот очекувал само да добива награди, а не да седне на обвинителната клупа. „Моите инструменти се креда и молив, а не експлозиви, јас ниту сум учесник во војна, напротив, јас сум граѓанин што се заложуваше против воените дејства во земјава. Ајети го познавам како мој ученик и ништо повеќе не знам за тоа од каде јас сум се нашол на неговиот список. Откако дознав за обвинението, неколку пати сакав сам да дојдам во судот, но луѓето ме одвраќаа. Ми велеа дека ако дојдам, ќе ме уапсат. Се плашев од апсење и поради секојдневните изјави на Нуман Лимани, адвокатот на Авни Ајети, кој секојдневно пишуваше по весниците дека неговиот клиент е тепан и малтретиран во затворот“, се правдаше Бељуљи. http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=25807
dejan Ova e malku cudno.....jas mislev deka vo makedonija samo makedonci se namesteni....treba da se ragleda ova sve so ovie.....
Jakov Po kojznae koj pat "velikomakedonskata" "hegemonisticka" "nacionalisticka" ideologija obvini i ke osudi "nevini" maldi albanci cij sto edinstven prestap vo zivoto im e sto se albanci vo Makeodnija. Samo zaspanosta na cistackata vo kumanovskata gimnazija koja zakasnila so dzvonenjeto za kraj na 6ti cas, gi spasi decata da ne nastradaat od bombite na Cakala. I sega nekoj ke pisuva deka se nevini. Neka odat i neka im objasnat na preveduvacite i na polskite vojnici koi zaginaa kaj Sopot deka se nevini Jamie Sej i drugite. A koj toa kaza deka Rastanski lozja se nevini.Kolku sto znam sudot rece deka nema dokazi, a ne deka koga bi imalo bi bile nevini.
marko_polog Kolku dokazi vi treba deka postojat Teroristicki grupi od Arapskite zemji sto ucestvuvale i den denes ucestvuvaat na Balkanot, iskusni luge neli sto mozat mnogu da pridonesat na takvite so golemi idei. Treba Medali da im se dadat na Makedonskite Braniteli a ne da se sudat, likvidacija na Teroristicka grupa = Uspesna Akcija. Taka se gradi drzava, a ne Teroristi da se nagraduvaat so najvisoki drzavni funkcii bez razlika dali se od Arapskite zemji ili lokalnive vaterpolisti.
ProMKD
quote:
Dali vo MK mestat nevini luge?
Da. Za rastanski site se namesteni pod politicki pritisok.
concrete marko_polog tuka ne se slagame...fakt e deka Balkanot vrie od islamski teroristicki fundamentalizam, bogato finansiran od arapskite prijateli na USA i onie koi moze im se pomalku prijateli, ama se prijateli na prijatelite:):)........ Prvoto vrapce sto ke go sretnes kaj Brvenica, na primer, ke ti go kaze toa. A za uspesni akcii, ako se navistina uspesni, nikogas nikoj nikade nema ni da slusne, a ne da sedi i pomaga vo pravenjeto na Evropskoto teatro vo Hag za toa....a Makedonskite braniteli mislam nikogas ne nosele vetrovki so natpis "Makedonski Braniteli" na grbot....i si ostanale bravari, stolari,nevraboteni inzinjeri, ne ocekuvaat da bidat unapredeni vo policajci,bodigardi , "obezbeduvaci", kancelariski molci ili slicno ......., a za Makedonija ............ne trebase vopsto da se gradi, tuku samo da se nadograduva , nazalost nekoj pogresno razbral, pa sistematski ja razgraduva:):):)!!!!