Антимакедонизам (II пат) |
трендафил |
Оваа тема веќе еднаш ја отворив [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=9956&whichpage=1"]овде.[/url] Истата беше затворена поради забегување од темата во сосема друг правец, односно поради приватна расправија помеѓу еден член и раководството на форумот. Затоа ја отварам повторно, со надеж дека истото нема да се случи повторно и дека доколку се случи, проблемот ќе се реши не со затварање на темата туку со префрлањето на приватните расправии на соодветно место. Овде ги повторувам сите мои постови, и предлагам кој сака да ги повтори своите. Се разбира не тие што не се во врска со темата.
1.
Во светот најповеќе се зборува за антисемитизмот. Од Турција се бара да им се извини на Ерменците за геноцидот од пред еден век. Но истите тие немаат намера да ни се извинат на нас Македонците за геноцидот направен врз нас. Напротив продолжуваат со него, а нашата квислиншка власт им помага во тоа.
Покрај идеолошкиот геноцид со тоа што немаме право на име или свои симболи, вршен е и физички.
Од 1946 до 1948 две земји членки на ЕУ, Грција и Велика Британија плус САД извршија геноцид над Македонците во јужниот дел на Македонија, иако бевме сојузници во антифашистичката борба. Направено е класично етничко чистење, а за да се отствари тоа повеќе поеднични воени злосторства, за кои за жал сеуште нема место во званичната македонска историја.
На 12 февруари 1949 во Лерин се убиени со помош на напалм бомби повеќе од 1.400 цивили. Во масовната гробница се фрлани и живи, тешко ранети жени и деца. Грамос е покриен со голем број масовни гробници на живо закопани, ликвидирани и загинати Македонци. Ги има и во Ениџе вардарско, во Имера, каде заедно со Лазо Трповски се убиени и седум цивили, во Карица кај што се закопани Децата од Д`мбени, не се знае колку цивили се фрлени во масовната гробница заедно со Мирка Гинова и нејзините пет соборци. Дури и во Атина има масовна гробница со 206 Македонци ликвидирани уште пред почетокот на востанието, во 1944 година. Во Костур постои масовна гробница во која се закопани учителката Кристина Пупта со своите ученици. Историчарите сигурно знаат за уште многу вакви недела.
Македонскиот народ е единствениот во Европа што не може да ги посети гробовите на своите предци кои се наоѓаат во земја на ЕУ. Со спонзорство на ЕУ и САД од 2001 година, веќе сите Македонци не можат да ги посетуваат ниту гробовите на своите мртви и во матичната земја.
Време е еднаш да се обединиме и да побараме пред се` да прекине геноцидот врз нас Македонците. Тогаш можеме и да „заборавиме“ да побараме извинување за геноцидот што досега е правен врз нас.
2.
Ќе добиеме ли еднаш лидер што гласно и јасно ќе побара извинување од земјите што вршеа геноцид врз македонскиот народ. Или што покрај споменикот на холокаустот врз евреите (предвиден да се изгради спроти плоштадот Македонија, кај старата автобуска станица) би направил споменик и на македонците кои завршиле со холокауст. (Холокауст значи, да напомнам, масовно губење на животи, посебно од оган). Над тие 1.400 загинати во оганот од напалм бомбите кај Лерин и во неутврден број на Грамос, Бапчор и други места што е направено ако не холокауст.
Мајсторите за геноцид си ја тераат работата и понатаму. Потпомогнати од домашни квислинзи. Сега сепак се работи поцивилизирано, во ракавици. Со исклучок на 2001. Сега се палат куќите на Македонците, не и самите Македонци. Се пали и душата македонска.
Ќе се здружиме ли еднаш да се спротивставиме?
3.
Спомнатите Голи Оток и бугарските затвори, само го покажуваат континуитетот во геноцидот на антимакедонска основа. Би ги спомнал и убиените при воспоставувањето на српска власт, убиените од албанските, бугарските, германските и италијанските фашисти (мислам дека и бројот на убиени одговара на редоследот што го напишав по азбучен ред) и убиените од комунистите, кога се зборува за територијата на сегашна Република Македонија.
Се сеќавам на еден разговор помеѓу возачот на Цветко Узуновски-Абаз (шеф во УДБА, за кого СДСМ и ПДП изгласаа посебен закон за да има поголема пензија и кој беше повикан да присуствува на седницата на Парламентот на кој се изгласа нашиот Устав што Бранко го прогласи за фабричка грешка) и еден човек што бил на Голи Оток. Шоферот му зборуваше дека на прогонетите им било толку тешко што без причина се затворени, што се фрлале во морето кога ги носеле кон островот. „ Не се фрлавме ние, вие не фрлавте“, му одговори поранешниот логораш. Е како дел од автоантимакедонизмот, на човекот што е одговорен за смртта на многу Македонци, што има вина и за сегашната ситуација во Македонија, сакаме да му подигнеме споменик во центарот на главниот град. Можеби треба да ни причинува задоволство што Тито не убивал само Македонци, туку и Македонци од една партија која сега го смени името убивале од другите народи во тогашна Југославија. Но убивале и Македонци.
4.
Таму каде што нема врска на денешните партии со злосторниците по 1945 година, истите се повикани на одговорност. Во Словенија 86 годишниот Митја Рибичиќ (поранешен претседател на владата на СФРЈ е обвинет за геноцид над 234 словенци. Тие се убиени (веројатно биле сите белогардејци) без судење. [url="http://24ur.com/bin/article.php?article_id=2056871&show_media=6044800"](види повеќе)[/url] Кај нас никој не одговараше за убиството на велешаните, студентите во Струмица иако дел од злосторниците беа живи до скоро. Мое мислење е дека тоа е поради нивната поврзаност со владеечка партија. Всушност кај нас десните партии не ги осудуваат злосторниците и злосторствата на десните, а левите злосторниците со социјалистичка ориентација и нивните злосторства. Веројатно мислат дека ако не биле тие злосторста не ќе биле (или ќе биле) на власт. А и кај десните имало луѓе што се бореле за Македонија, но имало и изроди што се бореле за некоја од околните земји. И кај левите, пак покрај овие имало и што се бореле за наметнување на комунистичка диктатура. Кај некои има и комбинација од ова во ист или различен временски период.
Јас не можам да разберам зошто на пример социјалдемократскиот историчар Катарџиев мисли дека е негативно тоа што е убиен српскиот крвник Прелиќ од страна на Мара Бунева по (според него) пробугарска наредба, а не му пречи тоа што Македонци по наредба на Хрват го испратиле Македонецот Панко Брашнаров во концентрациониот логор Голи Оток, каде е ликвидиран од непознати лица (можеби и од Македонци). Ниту гробот не му се знае. Мене како Македонец повеќе ме интересира кој го убил Брашнаров. Грешам ли?
Проблемот може да се реши на два начина. Поедноставен, но со грешка, амнестирање на сите и национално помирување и посложен, со непристрасно ставање на увид на јавноста на сите податоци за секоја историјска личност, со посебен акцент на нивната заслуга за Македонија. Но не само за Република Македонија. Затоа и мислам дека на плоштадот треба да се стави споменик на личност прифатлива за сите македонци. Мислам дека Тито не им значи ништо (дури и ако ги заборавиме негативните работи) на тие од деловите на Македонија што не се дел од матичната земја. А Александар е прифатлив за сите. Или Гоце Делчев роден во Егејска, загинат во Пиринска и чиј гроб е во Република Македонија.
|
Jakov |
Temata si e dobra, samo neznam zasto muabetot go nateraa kaj sto ne trebase. |
трендафил |
И од најновите случувања со црквата се гледа антимакедонизмот. Не им пречи автокефална црква, туку името, Македонска. СПЦ повеќе сака црква без верници, на чело со влав, Зоран Вранишковски, отколку црква во која е братскиот (нели?) македонски народ.
Уште римјаните кога ја поделиле Македонија, ја распарчале на повеќе провинции. Таа идеја до ден денес не е напуштена во светот. Веројатно се плашат да не се разбуди во нас повторно генот на Александар.
|
трендафил |
За да ја направам темата поинтересна ќе се префрлам на актуелните теми и нивната евентуална поврзаност со антимакедонизмот. Не е ли хроничниот повеќедеценијски недостаток на лекови, медицински апарати и опрема дел од автогеноцидот што си го правиме самите на себе. Знае ли некој колку македонци би останале живи и колку потомци би имале доколку лекарите си ја знаеле работата и имале со што да ја завршат. Колку Македонци починале затоа што немале сини картони и (или) пари да се лечат.
Дали тие бројки не се поголеми од воените загуби???
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил

Еве и пример за погореискажаното:
Жена-психолог скокнала од шести кат
Средовечна жена, познат психолог од Битола, се самоубила, фрлајќи се од шестиот кат на зградата во која живеела, завчераутро.
Надлежните експресно го затвориле случајот, со квалификација дека се работи за класично самоубиство.
Мери Бундевска, на возраст од 49 години, околу 5.30 скокнала од терасата од шести кат во зградата во која живеела, на улицата Партизанска, број 29. Паднала на платото пред зградата и починала на самото место.
Млекарот и продавачот во блиската трафика први се нашле на местото на трагедијата. Тие не сакаа многу да зборуваат за страшната глетка.
- Мери во оваа станбена зграда живееше со својата 80-годишна мајка Елена и со 28-годишната ќерка Милена. Ќерка и, поради нарушените односи со сопругот, закрила најде кај мајка си - вели продавачот.
Бундевска, откако ја загубила работата и како технолошки вишок се нашла дома, паднала во психичко растројство, тешко преболувајќи ја вистината дека е немоќна да работи, да помага и поосмислено да го живее животот, раскажуваат станарите во зградата.
Тие додаваат дека Бундевска била со нарушено здравје. Лекарските испитувања на нејзиното грло откриле малигно заболување.
Според полицијата, под таква психичка напрегнатост, Бундевска пред пет часот станала, ги облекла тренерките и излегла од станот. Нејзината стара мајка се посомневала дека нешто не е во ред и ја повикала внуката да ја бара Мери.
Бундевска слегла долу ја обиколила зградата и потоа се качила на шестиот кат, ја отклучила вратата од заедничката тераса и скокнала во процепот меѓу двете ламели.
Трајан Коруновски, истражниот судија што бил на увид, по исказите од очевидците, како и по барање на ќерката и на мајката на починатата, не побара обдукција и истрагата ја заокружи со констатација дека станува збор за класично самоубиство.
Ова е седмо самоубиство во текот на оваа година во Битола, а 11 од ноември 2004 година. Битолчани велат дека Битола е претворена во град на авети и тешката живеачка луѓето ги носи во очај. Во полицијата коментираат дека според нивните искуства најголем број самоубиства се случуваат во пролет, а тоа, за жал, се потврдува и годинава во Битола.
КОМЕНТАРИ ???
Nein ...oder?
|
Jakov |
Zavisi sto se podrazbira pod antimakeodnizam. AKo na toa se gelda kako na dejstvata na nasite sosoedi i ostanatite belosvetski gjubrinja protiv postoenjeto naovoj narod i drzava toa e edna rabota. Sega ovde stanuva zbor za uslovno kazano vnatresen antimakedonizam ili bolje receno "samounistuvanje". Nemanje lekovi, kradenje od svoite preku rasipani pasteti za vojskata, pecalenje pari so kupuvanje skapi helikopteri, vgraduvanje stentovi duplo poskapi ili davanje na siptari od kosovo a za nasi nema. Toa e soosema druga rabota. Toa e po mene davanje argumenti na onie od nadvor samo da si gi zasiluvaat akciite kon nas. AKo nie doma ne znaeme sami sebe si da se cuvame i pomagame sto ostanuva za drugite. Ne deka vo Izrael nema takvi raboti ili Grcija(gi zemem kako primeri kako treba domasnite gomna da se ostavat nastrana koga se brani nesto sto e napadnato od nadvor). ama sekogas koga treba da izlezat vo svetot se site zaedno zalepeni. Cudna rabota Makeodnija i mak. narod se vo kategorija na onie koi tesko si pominale vo "zivotot" dodeka postgnale nesto. Obicno tie drzavi deluvaat pohomogeni i pocvrsto ama nie nekako deluvame posrano. Bas zaradi ovie pgore spomnati raboti koi mozeme da gi podvedeme pod antimakeodnizam.
Nas ne boli antimakedonizmot na SPC(posleden i najsvez primer). A ne se zaprasuvame kako toa od ovde megu nas se izrodi takvo kopile (koe ne e samo poveke se kako vraniskovski). Jovana, nasata Crkva go hirotonisa. Nasite vernici odea na sluzba, nasata drzava go obrazuvala, seuste nasata drzava mu dava patni ispravi itn itn...Zosto samite nie ne pocneme da go iskorenuvame toj anti makedonizam megu sebe samite. Ete eden primer koj e najnov. |
concrete |
quote: Originally posted by lav
quote: Originally posted by трендафил
За да ја направам темата поинтересна ќе се префрлам на актуелните теми и нивната евентуална поврзаност со антимакедонизмот. Не е ли хроничниот повеќедеценијски недостаток на лекови, медицински апарати и опрема дел од автогеноцидот што си го правиме самите на себе. Знае ли некој колку македонци би останале живи и колку потомци би имале доколку лекарите си ја знаеле работата и имале со што да ја завршат. Колку Македонци починале затоа што немале сини картони и (или) пари да се лечат.
Дали тие бројки не се поголеми од воените загуби???
Ова е седмо самоубиство во текот на оваа година во Битола, а 11 од ноември 2004 година. Битолчани велат дека Битола е претворена во град на авети и тешката живеачка луѓето ги носи во очај. Во полицијата коментираат дека според нивните искуства најголем број самоубиства се случуваат во пролет, а тоа, за жал, се потврдува и годинава во Битола.
КОМЕНТАРИ ???
Nein ...oder?
Pa Komentar, sto da se komentira??????..komentarite odat vo sferi koi se mnogu mracni, umovite ni stanuvaat bolni od toa.....
Konstatacijata deka Makedoncite se staveni na listata narodi odredeni za konecno istrebuvanje stanuva se poocigledna........
|
трендафил |
Мислам дека е антимакедонски да се отпуштаат Македонци за на нивно место да се вработат Албанци кои не ги извршуваат работните задачи поквалитетно од отпуштените.
|
Jakov |
quote: Originally posted by трендафил
Мислам дека е антимакедонски да се отпуштаат Македонци за на нивно место да се вработат Албанци кои не ги извршуваат работните задачи поквалитетно од отпуштените.
Eve eden takov.[:(]na svoja koza go oseti.[:(]ramkovniot ni dogovor.[:(] |
toni_a |
da se distanciram od ona sto bilo vo minatoto,no od samostojnosta do sega sme si samite nie vinovni.
antimakedonizmot e najgolem kaj nas i vo nasata drzava.
bog da ne chuva od samite sebesi. |
dejan |
trendafil, od kade ti e ova sve za makedoncite?? imas link? |
Jakov |
ne ti trebat Dejan linkovi toa e istorija, zboram za delot so Egejska Makedonija i proteruvanjata. |
трендафил |
И откако е членка на ЕУ, Грција не ги почитува правата на Македонците. Најново е забраната за снимање на А1 телевизија во Лерин. [url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=47234"]види повеќе[/url] Тие што од нас бараат да им дозволиме на Албанците сами да си ги одредуваат малцинските права, дури да одлучуваат што смееме ние да правиме, кога се кршат правата на Македонците редовно молчат.
Но најголемите проблеми си ги правиме самите на себе. Поделени по секое прашање.
И земјоделството систематски се уништува. Владата штеди пари за градобијни ракети, а кога ќе настрадаат земјоделските посеви не дава пари за обештетување, е дел од коментарот [url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=47216"]овде.[/url]
|
dejan |
sdsm sucks |
lav |
quote: Originally posted by Jakov
quote: Originally posted by трендафил
Мислам дека е антимакедонски да се отпуштаат Македонци за на нивно место да се вработат Албанци кои не ги извршуваат работните задачи поквалитетно од отпуштените.
Eve eden takov.[:(]na svoja koza go oseti.[:(]ramkovniot ni dogovor.[:(]
Бранко и сдсм фаќаат на стари финти за кои (со право) мислат дека се од нивните гласачи и поддржувачи (под)заборавени ...и дали ако на следните избори ни/ти вети како минатите ...дека ќе има по ЕДЕН ВРАБОТЕН од секое семејство или пак истото кажано понаку , се надевам дека ќе се присетиш на тоа дека еднаш веќе си одпуштен???. |
dejan |
ke napisam kniga eden den, BALKAN NATIONALISM AT ITS BEST
[:(!]
ХАОС СО ЗНАМИЊАТА
Грчки знамиња од Битола до Меџитлија
Ако сакаме да сме држава со сите нишани и да не почитуваат странците, македонските власти треба конечно да почнат да ги спроведуваат законите, кои се навистина јасно напишани.
Грчките бизнисмени, охрабрени од она што го гледаат во Тетово, Гостивар и во другите градови и села од северозападна Македонија, каде што се веат албанските знамиња, почнаа на своите објекти и канцеларии во Битола да ги виорат грчките, реагираат битолчани.
Грчко знаме се вее и пред хотелот "Епинал" во центарот на градот.
Kако најсвеж пример се посочува грчкиот конфекциски погон "Конингтон" на патот Битола - Меџитлија, во селото Кравари, каде што, покрај македонското, деноноќно се вее грчкото знаме. Револтираните битолчани велат дека поради тоа странците што одат и се враќаат од Грција мислат дека тоа е грчка, а не македонска територија, оти е оддалечена само 10 километри од македонско-грчката граница.
- Ако има доследна власт во Македонија, тоа знаме утре нема да се вее, а самоволниот Грк што го истакнал ќе плати казна, оти го крши законот. Ако власта не убедува дека мора да ги толерира етничките Албанци заради смирување на тензиите и под притисок на Запад, тогаш зошто ги толерира грчките бизнисмени во Битола кои не само што сакаат да не прекрстат туку јасно демонстираат дека во оваа земја можат да прават што сакаат. Сигурно дека ние кај нив не можеме така комотно да се однесуваме и дека ќе не пикнат во апс - е реакцијата на граѓаните.
Битолчанецот Петко Бурлијовски викендов протестираше и со писмо.
- Го консултирав Законот за употребата на грбот, знамето и химната на РМ и тој е повеќе од дециден. И според него и според меѓународните норми, знаме на туѓа држава може да биде истакнато пред дипломатско-конзуларно претставништво, потоа при официјални посети и на меѓународни политички, научни, културни и спортски манифестации. Ова грчко знаме е истакнато спротивно на сите прописи, бидејќи се вее во приватна фирма на грчки државјанин. На што би личела Македонија ако секој по своја желба почне да истакнува знамиња од други држави - вели Бурлијовски.
Претседателот на Советот на Битола, Зоран Коњаровски, вели дека, иако локалната власт нема ингеренции околу државниот грб, знамето и химната, ќе ја разгледа состојбата со грчките знамиња во градот и ќе побараат законите доследно да се почитуваат.
[V]uste albansko zname fali vo bitola, taka grcite i albancite, nekako mislat deka bitola im e nivno, neam poima zosto taka mislat, moze deka bitola e po ubav grad od nivnite, ama sepak, toa sto e vazno e deka grcite (biznismenite) i albancite pokazhuvat kolku si ja sakat grcka i albanija so toa veene zname
ova e gluposti, i itno treba toa zname grcko da se simne, isto i so znaminja na tugji drzhavi vo Makedonija!![:(!]
ama bravo na bitolcanite!! koga makedoncite vo severniot del na makedonija ne pravat nesto za albanskite znaminja....a bitolcani! |
lav |
quote: Originally posted by dejan

ama bravo na bitolcanite!! koga makedoncite vo severniot del na makedonija ne pravat nesto za albanskite znaminja....a bitolcani!
И секако немој притоа да заборавиш во воведот на книгата да (ги) споменеш :
КОЈ ГО Е ТОВА ПРВ ДОЗВОЛИЛ во некојпат виканата Држава на Македонците , независно од религиозното и етничко потекло нивно...оти ВО МАКЕДОНИЈА СИТЕ (треба) ДА СЕ МАКЕДОНЦИ...по државјанство , разбира се. |