Како БУЧКО успеа да се спогоди со УЧК-о ?
Како БУЧКО успеа да се спогоди со УЧК-о ?
lav
quote:
Албанското знаме - официјален симбол каде што Албанците се над 50% Весна Велкова 25.05.2005 Знаме на Република Албанија Употребата на знамињата на заедниците и законски ќе се регулира. Пред владиниот врв утре ќе се најде законот за симболите, една од двете последни обврски на Македонија од Рамковниот договор. Во него стои дека во општините во кои една заедница е мнозинство со над 50% ќе може да употребува свои симболи, што е предвидено и со Рамковниот договор. Ова е предлогот на министерството за правда до владата. Албанската заедница е најзаинтересирана за овој закон. Според последните информации коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се договориле албанската заедница да го користи знамето на Албанија. Иако досега се тврдеше дека не може во Македонија да се вее знамето на туѓа земја, сега владини извори коментираат дека за ова консултирале странски познавачи на меѓународното право, кои немале ништо против. Вака било и во Романија и во Хрватска каде што малцинствата користеле знамиња на странски држави. Според владини извори, ова значи дека и турската зедница во Македонија ќе го користи знамето на Турција. Во ДУИ тврдат дека согласност дал лично премиерот Бучковски на последната средба со Ахмети. Според нив со законот ќе се легализира токму употребата на албанското знаме јавно, приватно и службено. Ова ќе важи во 17-те општини со мнозинско албанско население: Тетово, Гостивар, Струга, Сарај, Чаир и во двете со мнозинско турско насление Пласница и Жупа. Законот за јазиците нема да се најде на утрешната владина седница. Се уште не била разрешена дилемата на кој јазик ќе треба да комуницираат општините во кои има заедници со над 20% меѓу себе и со државната власт. Но, за да нема застој коалиционите партнери се договориле законот за симболите да помине, а законот за јазиците допрва да се договора.
Што ли и какви не „убавини„ Македонците ги очекуваат во иднината???.
Strelec Vekje ima topik za znaminjata: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=9276